Промовирани огласи »

Минатата година 44 отсто од граѓаните во ЕУ, на возраст меѓу 16 и 74 години, ги ограничија своите приватни активности преку интернет, загрижени заради безбедноста, објави Евростат.

Најчесто (25 отсто од населението) избегнува да остава лични информации на социјални и професионални мрежи.

Во исто време, еден од четворица жители на ЕУ избегнува да остави информации за социјално или професионално вмрежување. Поради безбедносни ризици, употребата на јавно Ви-Фи ограничија 19 проценти од граѓаните на ЕУ, додека 17 проценти одбиваа да преземаат софтвер, апликации, музика, видео-датотеки, игри или други датотеки.

Интернет-купувањето го избегнуваат 16 отсто од жителите на ЕУ, а 13 проценти интернет банкарство.

Комуникацијата со јавни сервиси или администрација е помалку загрижувачка за корисниците на интернет – само осум проценти, при што само еден процент од жителите на ЕУ пријавуваат финансиски загуби како резултат на кражба на идентитет, фишинг или пренасочување кон лажни веб-страници.

Информациите што ги објави Евростат се дел од истражувањето спроведено во 2019 година, кога, 34 проценти од граѓаните на ЕУ се изјасниле дека имаат безбедносни проблеми при користење на интернет во приватни цели.

Промовирани огласи »

Паралелно со започнувањето на индексот на 1 јануари, Луксембург бележи пораст на многу социјални приходи.

Законската минимална плата во Луксембург е зголемена од 1 јануари и сега надминува 2.100 евра месечно. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.

Паралелно со започнувањето на индексот на 1 јануари, Луксембург бележи пораст на многу социјални приходи.

Минималната плата за неквалификувани возрасни лица е зголемена од 2.089,75 на 2,141,99 евра. Минималецот за квалификувани работници е 2.570,39 евра, што претставува зголемување од 62,69 евра од претходниот период.

Зголемени се платите за младите: за ученици на возраст од 15-17 години, минималната плата е 1.606,50 евра (зголемување од 39,19 евра), за студентите помеѓу 17 и 18 години 1.713,60 евра (41,80 евра повеќе).

Минималната пензија е зголемена на 1.892,77 евра месечно.

Промовирани огласи »

Постојат вработени на кои поради нивните очигледни квалитети треба да им се посвети внимание. Иако како претприемач треба да внимавате на своите пари, некои работници поради големиот придонес заслужуваат моментално покачување.

Ова се некои од тие вработени:

1. Оние кои носат најмногу приходи

Не е важно каков вид е работата, но сосема е јасно: лицето кое ви носи најмногу приходи заслужува покачување според сите критериуми.

2. Оние кои имаат непроценливи вештини

Некои вештини не може да се научат, а тоа е пред се личност и став пред клиентите. На пример, ако ангажирате келнер кој секој го сака и поради кој сите доаѓаат во кафулето, треба да го наградите со покачување.

3. Оние кои даваат повеќе од 100 проценти

Ако имате работник кој секогаш ја става даската високо и успешно ја прескокнува, би требало да знаете да го цените. Малку се оние кои се целосно посветени на работата, и не дозволувајте да ви се “лизне” од раце.

4. Оние кои се тука од почетокот

Постојат работници кои се со вас од почеток, но поради различни циркулации на луѓе во компанијата, може да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија – со покачување покажете им колку ги цените.

5. Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата

Во сè, а особено во бизнисот, важно е да мислите на иднината. Ако препознаете личност во компанијата која можеби еден ден ќе го преземе водењето бизнис, направете сè за да ја задржите, а финансиските ресурси често се добра гаранција.

Промовирани огласи »

Основачот на американската компанија Тесла, Илон Маск, за една недела го зголемил своето богатство за 2,1 милијарда долари, благодарение на растот на акциите.

Вредноста на акциите на Тесла забрзано расте откако компанијата минатата недела открила дека испорачала рекордни 112.000 возила во четвртиот квартал на 2019 година. Тоа е малку над проценката на аналитичарите. 

На растот влијаела и веста дека првата фабрика на Тесла надвор од САД, односно во Кина, започнала со испорака на електрични возила. Акциите на компанијата до 9-ти јануари пораснале за 13 отсто, воедно зголемувајќи ја и нето вредноста на богатството на Маск за над 2 милијарди долари.

Илон Маск ги изненади медиумите ширум светот со својот танц на сцената на фабриката во Шангај, со што ја прослави испораката на првите електрични модели на 3-ца купувачи во таа земја.

Маск поседува околу 22 отсто од акциите на Тесла кои сочинуваат отприлика половина од неговото богатство. Има сопствен удел и во компанијата Спејс Икс, која е проценета на 12,5 милијарди долари.

Според последните податоци на американскиот магазин Форбс, вкупното богатство на Илон Маск е проценето на 22,3 милијарди долари, што го сместува на 40-то место на најбогатите луѓе на светот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »