Во најголем број случаи, да поднесете оставка е возбудливо, но и страшно искуство. Од една страна, најверојатно пристапувате кон подобра прилика во вашата кариера, како на пример нова подобра работа или пак да започнете сопствен бизнис. Од друга страна, оставањето на стабилна работа е секогаш тешко. Ова е особено вистинито доколку ја напуштате вашата работа како би започнале нова компанија, или пак да се посветите на вашиот веќе постоечки бизнис со полно работно време.
Редовниот работен однос е многу повеќе од само редовна плата. Тој обезбедува мрежа на можности и односи. За среќа, вие не мора да се откажете од овие работи.
Со откажување од професијата, можете да бидете сигурни дека не затворате врати или пак влошувате било какви односи.
Напуштањето работа, особено добра работа, не е одлука која се донесува одеднаш. Многу луѓе поминуваат години и години градејќи го својот бизнис на страна, пред да направат чекор нанапред. Само вие знаете кога ќе бидете подготвени да ја напуштите вашата работа. Пред да направите било што, постојат неколку работи кои треба да се разгледаат.
Имајте доволно заштеда
Дали имате било какви заштеди на кои би можеле да се потпрете? Да се биде успешен претприемач значи да се балансира ризик со награда. Можете да отстраните дел од ризикот доколку имате пари во банка, со цел да прејдете преку тешките времиња.
Дури и многу успешни бизниси понекогаш се наоѓаат во недостаток на готовински тек, па затоа треба да бидете сигурни дека можете да ги покриете вашите лични трошоци доколку не бидете платени за некое време.
Без разлика дали почнувате или пак само се издигнувате, треба да планирате за тоа како работите ќе се променат откако ќе се посветите на вашиот бизнис. Која дополнителна одговорност ќе ја превземете? Како ќе се издигнете? Доколку вашиот бизнис не расте, може да зажалите што ја оставивте вашата стара работа зад себе. Имајте план како би биле сигурни дека вашиот избор е вистински.
Подгответе се за животни промени
Работите се случуваат поинаку кога работите за себе. И тоа е во ред. Всушност тоа е прекрасно. Ќе имате повеќе слобода и контрола да работите како што сакате, каде сакате и кога сакате.
Дали имате неискористен годишен одмор? Искористете го пред да заминете. Можно е да не добиете уште една шанса за да се одморите некое време. Дали ви се потпирате на бенефициите на компанијата за здравствена заштита? Дали можете да работите од дома или пак ви треба канцеларија надвор од вашиот дом? Не заборавајте да ги вклучите и трошоците за работното место. Дали сте подготвени и способни да бидете одговорни во работата? Сега ќе треба да бидете свој шеф.
Како да поднесете оставка професионално?
За деловните луѓе, доколку сте донеле одлука за оставка, еве како да го направите тоа исправно.
Не е важно каков однос имате со вашиот работодавец. Без разлика дали е добар или ужасен, не го уништувајте. Никогаш не знаете кога ќе наидете на луѓето во иднина. Задржете го пријателскиот однос.
Ако сте имале негативно искуство, искористете еден момент да си кажете себе си колку сте во право за постапката, а потоа продолжете. Сега не е време да ги споделите вашите поплаки. Не се обидувајте да ја докажете својата поента.
Без оглед на се, дадете му известување на работодавецот две недели пред да ја напуштите работата. Ова е широко прифатено како стандард и тоа е професионалниот начин на кој треба да се постапи. Доколку имате добри односи со вашиот работодавец, можеби ќе сакате да им понудите повеќе информации, со цел да им дадете доволно време како би можеле да најдат соодветна замена.
Сепак, само затоа што го известивте вашиот работодавец за вашето напуштање, не значи дека тој ќе го прифати. Во рамките на своите права тој може да ја прекина вашата работна улога веднаш, од проста причина што некои работодавци не сакаат да имаат луѓе околу нив откако истите ќе поднесат оставка. Бидете подготвени за овој исход.
Исто така, пресметајте колку поддршка сте подготвени да дадете за време на транзицијата. Испланирајте ги вашите граници однапред. Колку сакате да бидете вмешани во завршувањето на задачите, предавањето на одговорностите, како и вработување и обука на оној кој ќе ве замени? Одлучете за овие работи пред време, така што нема да ветите работи кои подоцна нема да ги исполните. Тоа ќе го навреди вашиот работодавец.
И да, пред да сторите било што друго, прочитајте го вашиот договор за работа и условите на вработување. Не би сакале било какви изненадувања!
Напишете ја вашата оставка - рачно
Кога станува збор за пишување на писмо за оставка, постојат само неколку начини кои треба да ги разгледате.
Бидете директни - Не трошете премногу време да дојдете до целта на писмото или пак да кружите околку суштината.
Бидете јасни - што сакате да кажете со вашето писмо. Вашиот шеф не треба да биде оставен прашувајќи што се обидувате да кажете. Треба да знае веднаш.
Не се објаснувајте - Вие не треба да давата објаснување. Повторуваме, не треба да се објасните зошто давате оставка. Вие немате обврска да го сторите тоа. Сепак, доколку сакате, можете. Само треба да знаете дека што и да се кажете, може во иднина да служи против вас. Особено ако се обидете да се вратите повторно на работата.
Бидете љубезн - Дури и ако го мразите вашиот шеф, треба да бидете љубезни. Запомнете, не постои причина да го уништите вашиот однос, само со цел да ја искажете вашата поента. Идеално, кажете нешто убаво. Заблагодарете му се на вашиот работодавец за искуството и можностите кои сте ги стекнале на вашето работно место.
Оставката е исто така добро време да ја претставите вашата желба за тоа колку би можеле да помогнете и сте подготвени за транзицијата која следи. Колку долго сте подготвени да останете вклучени и колку би сакале да бидете вклучени во овој процес. Поставете јасни граници, и не се посветувајте премногу. Запомнете дека вие не мора да пружите било какво поддршла, но тоа е добро и професионално.
Што се случува следно?
Хммм пиење кафе и размислување.
Откако ќе ја поднесете вашата оставка, вашиот шеф можеби ќе сака да разговара со вас. Особено ако вашата оставка не можела да се предвиди. Во овој момент, можеби би требало да разговарате повеќе за вашите причини поради кои напуштате, како на пример желбата да се фокусирате на вашиот бизнис, но не сте обврзани.
Исто така, може да треба да се обратите до одделот за човечки ресурси. Откако ќе се потврди вашата оставка со нив, размислете за давање лична изјава на остатокот од компанијата.
Личната изјава овозможува да преврземете контрола над гласините, пред тие да започнат за тоа зошто ја напуштате вашата работа. Кажете им на своите колеги дека заминувате, бидејќи можно е тоа да не е јасно. Заблагодарете им се и нека знаат дека ви било задоволство што сте работеле со нив, и разменете контакт, со цел да бидете во допир.
Тоа е тоа. Голем, понекогаш и страшен чекор, но ќе се движите кон подобри цели.
Ви посакуваме се најдобро во вашата следна прилика.
Дали сте се откажале од вашата работа со цел да станете претприемач со полно работно време? Пофалете се за тоа во коментарите!