Промовирани огласи »

Основците од неколку училишта во државата од денеска ќе следат настава бев телефони во џебовите. По Ѓорче Петров и основно училиште од Куманово забрани употреба на мобилен за време на часовите. Освен учениците со себе телефон ќе немаат и наставниците. Пред почеток на секој час ќе ги оставаат во нумерирани џебови. Директорот на кумановското училиште Крсте Мисирков, вели дека забраната е договорена во соработка со родителите поради честите злоупотреби на телефоните.

Настава без телефони од денеска ќе се спроведува и во основните училишта во Ѓорче Петров. Таму се предвидени дисциплински мерки за наставниците кои нема да ја почитуваат иницијативата. Настава без мобилни се реализира и во училиштата во Карпош.Од министерството за образование велат дека засега нема конкретен предлог кој би важел за сите училишта во државата, но поддржуваат иницијативи за кои согласни се родителите и училиштата.

„Не само мобилните телефони, туку и се друго што го попречува наставниот процес и му наштетува, не треба да има место во нашите училиште“, велат од МОН.

Наставниците очекуваат дека на овој начин, ќе се зголеми квалитетот на часовите..

Забрани за внесување мобилен за време на часовите веќе постојат во Албанија и Грција.

Промовирани огласи »

Падот на цените на нафтата на светските пазари минатата недела, четврти ден по ред, и тоа за повеќе од четири отсто, е последица на стравувањата на вложувачите од економските последици заради ширењето на коронавирусот и надвор од Кина.

На Лондонската берза цената на нафтата минатата недела падна за 4,2 отсто, на 58,16 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,8 отсто, на 51,56 долари.

Остриот пад на цените е последица на ширењето на коронавирусот во Кина, од кого досега починаа над 360 лица, а заразени се над 17.000. Притоа случаи на овој вирус се забележени и во сите кинески провинции и во дваесетина земји од светот.

Кина презема серија мерки за спречување на ширењето на заразата, од карантини во неколку градови до забрани за јавно собирање, но вложувачите се загрижени додека се прават проценки  колкав може да биде негативниот ефект врз економијата.

Воздухопловните компании ги откажуваат летовите за Кина и надвор од неа, а многу компании привремемно го прекинаа работењето со Кина.

Аналитичарите сметаат дека ширењето на коронавирусот, како што своевремено беше случајот со САРС-от, најмногу ќе ги погоди туризмот и довервата на потрошувачите, па затоа се очекува и пад на потрошувачката и приходите во многу кинески компании.

Аналитичарите проценуваат дека ширењето на коронавирусот може да ја намали побарувачката за нафта во првото тримесечје од годината за 250.00 барели дневно и да ја закочи цената на нафтата , веќе притисната од сериозната понуда.

Промовирани огласи »

Иако не е многу често, сепак, не е ни така ретко да се случи резервоарот да остане без гориво и тоа во време додека го управувате автомобилот. Едноставно може да заборавите. Ве мачат грижи на работа или во семејството и во возењето се случува да останете без гориво.

Прашањето е дали може во таква ситуација да му се случи нешто на автомобилот односно може ли да дојде до поголеми дефекти?

Произведувачите на автомобили тврдат дека нивните нови модели се така конструирани што нема да има проблеми да останете без гориво. Поточно, не би требало да има дефекти на моторите.

И покрај тоа не чекајте резервоарот да се испразни бидејќи во тој случај во составот ќе бидат вбризгани и нечистотиите од дното на резервоарот. За нив би требало да се погрижи филтерот на горивото односно да се спречи да влезе во моторот, но подобро е да не се предизвикува среќата.

Кај постарите автомобили, ако останете без гориво, можни се дефекти на инјекторите и дизел пумпите за гориво. Главно, секогаш реагирајте на време и возете до најблиската бензинска пумпа.

извор: 24auto.mk

Промовирани огласи »

Според Програмата на неработни денови за 2020 година на Министерството за труд и социјална политика, неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (среда), Нова година;

7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;

20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;

1 мај (петок), Ден на трудот;

24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;

24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;

2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;

8 септември (вторник), Ден на независноста;

11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;

5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;

28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;

1 ноември (недела), Празникот на сите светци;

25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »