Промовирани огласи »

Загрепскиот стартап АИР-РМЛД, кој се занимава со индустриско снимање со дронови, деновиве ја направи првата достава на пошта со дрон. Леталото за 12 минути прелетало седум километри, од задарското пристаниште Гаженица до Прек на островот Угљан, каде што ја спушти пратката, пишува „Јутарњи лист“.

Основачите на стартапот, Милан Домазет, Иван Видаковиќ и Давор Сладовиќ, програмирале дрон што лета самостојно, без човечка интервенција, а видеоснимката од доставата предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Директорот Милан Домазет рече дека тој и соработниците, кога го работеле пилот-проектот за достава на пратки за Хрватската пошта, имале десетина тестирања за да се уверат дека се’ е безбедно.

„Секогаш постои можноста да се случи нешто непланирано. На пример, при доставата на поштата од Задар за Угљан, моравме предвид да ја земеме можноста од силна бура што би правела пречки на летот и да ја пресметаме оптималната брзина со која леталото ќе стигне на местото што побрзо, а да не се исцрпат батериите предвреме“, рече Домазет, додавајќи дека идејата е со дронови да се покријат рутите што главно се непристапни и скапи за класична достава на пошта.

Инаку, дронот при летот над морето предизвикал внимание кај галебите, кои го следеле во летот.

Промовирани огласи »

Основците од неколку училишта во државата од денеска ќе следат настава бев телефони во џебовите. По Ѓорче Петров и основно училиште од Куманово забрани употреба на мобилен за време на часовите. Освен учениците со себе телефон ќе немаат и наставниците. Пред почеток на секој час ќе ги оставаат во нумерирани џебови. Директорот на кумановското училиште Крсте Мисирков, вели дека забраната е договорена во соработка со родителите поради честите злоупотреби на телефоните.

Настава без телефони од денеска ќе се спроведува и во основните училишта во Ѓорче Петров. Таму се предвидени дисциплински мерки за наставниците кои нема да ја почитуваат иницијативата. Настава без мобилни се реализира и во училиштата во Карпош.Од министерството за образование велат дека засега нема конкретен предлог кој би важел за сите училишта во државата, но поддржуваат иницијативи за кои согласни се родителите и училиштата.

„Не само мобилните телефони, туку и се друго што го попречува наставниот процес и му наштетува, не треба да има место во нашите училиште“, велат од МОН.

Наставниците очекуваат дека на овој начин, ќе се зголеми квалитетот на часовите..

Забрани за внесување мобилен за време на часовите веќе постојат во Албанија и Грција.

Промовирани огласи »

Падот на цените на нафтата на светските пазари минатата недела, четврти ден по ред, и тоа за повеќе од четири отсто, е последица на стравувањата на вложувачите од економските последици заради ширењето на коронавирусот и надвор од Кина.

На Лондонската берза цената на нафтата минатата недела падна за 4,2 отсто, на 58,16 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,8 отсто, на 51,56 долари.

Остриот пад на цените е последица на ширењето на коронавирусот во Кина, од кого досега починаа над 360 лица, а заразени се над 17.000. Притоа случаи на овој вирус се забележени и во сите кинески провинции и во дваесетина земји од светот.

Кина презема серија мерки за спречување на ширењето на заразата, од карантини во неколку градови до забрани за јавно собирање, но вложувачите се загрижени додека се прават проценки  колкав може да биде негативниот ефект врз економијата.

Воздухопловните компании ги откажуваат летовите за Кина и надвор од неа, а многу компании привремемно го прекинаа работењето со Кина.

Аналитичарите сметаат дека ширењето на коронавирусот, како што своевремено беше случајот со САРС-от, најмногу ќе ги погоди туризмот и довервата на потрошувачите, па затоа се очекува и пад на потрошувачката и приходите во многу кинески компании.

Аналитичарите проценуваат дека ширењето на коронавирусот може да ја намали побарувачката за нафта во првото тримесечје од годината за 250.00 барели дневно и да ја закочи цената на нафтата , веќе притисната од сериозната понуда.

Промовирани огласи »

Иако не е многу често, сепак, не е ни така ретко да се случи резервоарот да остане без гориво и тоа во време додека го управувате автомобилот. Едноставно може да заборавите. Ве мачат грижи на работа или во семејството и во возењето се случува да останете без гориво.

Прашањето е дали може во таква ситуација да му се случи нешто на автомобилот односно може ли да дојде до поголеми дефекти?

Произведувачите на автомобили тврдат дека нивните нови модели се така конструирани што нема да има проблеми да останете без гориво. Поточно, не би требало да има дефекти на моторите.

И покрај тоа не чекајте резервоарот да се испразни бидејќи во тој случај во составот ќе бидат вбризгани и нечистотиите од дното на резервоарот. За нив би требало да се погрижи филтерот на горивото односно да се спречи да влезе во моторот, но подобро е да не се предизвикува среќата.

Кај постарите автомобили, ако останете без гориво, можни се дефекти на инјекторите и дизел пумпите за гориво. Главно, секогаш реагирајте на време и возете до најблиската бензинска пумпа.

извор: 24auto.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »