Промовирани огласи »

Од понеделник операторите повеќе нема да ги реемитуваат сите домашни и странски канали освен трите канали на Македонската радиотелевизија (МТВ), дознава Фактор. Одлуката е донесена и своевидниот медиумски мрак ќе стартува од 2 март од полноќ. Здружението на информатичко-комуникациски технологии во кои се обединети сите оператори ова го најави уште во вторникот кога соопштија дека ваквата одлука се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што ги донесе Собранието на 16 фeвруари, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Според нив, принудени се на ваков чекор затоа што со измените на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. 

На нивната закана вчера реагираа петте национални телевизии, кои ги обвинија кабелските оператори за ниско ниво на општествена одговорност. Операторите сепак тврдат дека сите програми што се дел од пакетите на операторите се согласно домашната и меѓународната регулатива за реемитување на програми. 

Сите инсинуации за учество на операторите во „пиратство“ ги отфрламе како неточни, паушални и тенденциозни, а за ваквите тврдења нашите членки ќе поведат соодветни судски постапки. Сите договори за реемитување со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава, се вели во соопштението од Здружението на информатичко-комуникациски технологии испратено до медиумите вчера. 

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Многу компании гo прекинаa работењето поради страв од ширење на коронавирусот.

Сепак, некои фирми повторно се отворија и им нудат на своите работници разни стимулации за да ги мотивираат да се вратат на работа.

Компанијата Foxconn понуди бесплатен превоз со автобус, храна и сместување за работниците, а секој ден извршуваат детални процедури за дезинфекција во своите објекти.

Foxconn, исто така, го зголеми дополнителниот бонус од претходните 3.000 јуани (426 долари) на 5.000-7.000 за повратниците и новите работници за да ги ублажат недостатоците на работна сила што е можно побрзо.

Според, DigiTimes многу други тајвански производители со седиште во Кина исто така преземаат слични мерки за стимулирање за враќање или вработување на нови работници.

Foxconn Technology Group е една од најважните во ланецот за производство на iPhone, а има погони во Виетнам, Мексико и Индија кои работат со целосен капацитет.

Промовирани огласи »

Македонија е рангирана на 37-то место од 43 држави во Европа според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии.

Од земјите во регионот пред нас се Хрватска, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и БиХ.

Глобалниот индекс на здравствена сигурност се изготвува врз основа на шест критериуми: превенција, рана детекција и известување, брз одговор, здравствен систем, усогласеност со меѓународните норми и ризичното опкружување.

Вчера во државата беше потврден првиот случај на заболен од коронавирус. Станува збор за 50 годишна жена која се заразила со вирусот во Италија.

Жената на која вчера и е дијагностициран коронавирус, а влегла во Македонија на граничниот премин Табановце, не е јасно како стигнала до Клиниката за инфективни болести.

Промовирани огласи »

Полска воведува годишен бонус за пензионерите и лицата што примаат инвалидски надоместоци, според предлог законот што вчера го потпиша претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

На секој пензионер ќе му биде исплатен годишен бонус во висина од минимален износ на пензија, што оваа година изнесува 1.200 злоти (околу 300 евра).

Според проценката наведена во предлог законот, оваа година бонуси ќе добијат околу десет милиони граѓани, за што државниот буџет на Полска ќе издвои 11,7 милијарди злоти (околу три милијарди евра).

Во тек е кампањата за претседателски избори во Полска што ќе бидат одржани на 10 мај.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »