Промовирани огласи »

Членот 132 од Законот за работни односи го регулира делот со паузата за време на работното време. Според него, за време на дневното работно време работникот кој работи 6 часа и подолго од 6 часа има право на пауза во времетраење од 30 минути.

Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку 4 часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минута.

Должината на паузата во случај на нееднакво распоредување или времено прераспоредување на работното време се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.

Паузата може да се одреди дури по 2 часа работа и најдоцна 3 часа пред крајот на работното време.

Според членот 133 работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа.

Кога станува збор за неделениот одмор, работникот има право на истиот во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор од членот 133 погоре.

Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата.

Промовирани огласи »

Министерот Чулев информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи.

– Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави Чулев.

На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични.

– Дадов насоки за преземање поинтензивни активности на терен, а со цел превенција и спречување на овој вид кривични дела, изјави министерот Чулев.

На средбата во СВР Битола се разговарало и за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола. Посебен акцент, нагласи Чулев, бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес.

Промовирани огласи »

Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали ќе биде прекинато на 2 март, вечерта на полноќ, соопштија денес од Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори. Единствено ќе може да се гледаат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Од Здружението на ИКТ наведуваат дека операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Во соопштението до медиумите тие повторуваат дека одлуката за прекин на реемитувањето е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието ги донесе на 16 февруари.

„Операторите се принудени да го прекинат реемитувањето на програмските содржини за да избегнат прекршување на Законот поради активности кои не се под нивно влијание“, се вели во соопштението.

Операторите имаат поднесено и Иницијатива до Уставниот суд за поништување на спорните одредби во законот како неуставни и побараа донесување на времена мерка со која ќе се одложи примената на усвоените законски измени.

Во изминатите неколку денови Здружението на ИКТ ги информираше Претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, а беа одржани и средби во Владата и Собранието, со цел да се изнајде решение за ваквата ситуација, согласно регулативата, се вели во соопштението.

Во него се додава дека операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошни штети за целата јавност.

„Заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија.

Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да наплатуваат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот, се вели во соопштението од Здружението на информатичко-комуникациските технологии.

Промовирани огласи »

Добивањето отказ од работното место никогаш не е пријатно искуство, но новиот трансферен систем во Шведска ветува многу повеќе отколку само враќање во стабилна положба.

Една од најстресните нешта што може да ви се случат е добивањето отказ. Ако некогаш ви се случило, го познавате чувството на паника, грижа за кариерата, неплатените сметки и здравственото осигурување.

Но, што ако отказот е најдоброто нешто што ви се случило? Не благодарение на добра среќа, туку на ново создадениот систем кој има за цел да го отклучи вашиот потенцијал и да ви овозможи работа уште подобра од претходната.

Новиот трансферен систем во Шведска е услуга за социјална заштита на национално ниво за работници кои неодамна останале невработени поради технолошки вишок.

Компаниите плаќаат за „совети за безбедност на работното место“, кои обезбедуваат квалификувани тренери кои ги селектираат потенцијалите на вработените и според нив наоѓаат компатибилно работно место на пазарот. Постојат 16 вакви организации и секоја од нив опфаќа различен сектор од економијата и има задача да најде нови работни места за работниците кои го изгубиле работното место од економски причини.

Благодарение на овој систем, Шведска има најдобар процент на ревработување во светот – околу 90% од работниците кои добиле отказ добиле нова работа во рок од една година. Оваа бројка е драстично поголема од Франција и Португалија чиј процент е 30%.

Извор: Hybrid.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »