Промовирани огласи »

Slice нуди одлични услови за работа како SALES MANAGER: https://kariera.mk/job/pOhLXJOR60eX7-PWOhuP1Q/sales-manager

Солета има потреба од лице за работното место ПРОДАВАЧ/КА: https://kariera.mk/job/bL9CFkO9LkmsjwkgovLTjw/prodavach-ka-na-delikates

Д2ЕМ Консалтинг е во потрага по SALES REPRESENTATIVE за територија на Македонија, Косово и Албанија: https://kariera.mk/job/SzW_jhXjSkG9d_v2vdrE5w/sales-representative-za-teritorija-na-makedonija-kosovo-i-albanija

Кораб ауто контрол, станица за техничка преглед бара КОНТРОЛОР за преглед на возила со завршено средно техничко или високо образование кое е блиско на потребите на работата: https://kariera.mk/job/1jbH31TwLU-pnO68L0dVPQ/kontrolor-za-motorni-vozila-vo-stanica-za-tehnichki-pregled

Електродистрибуција со отворени работни места за:

Промовирани огласи »

Зголеманата побарувачка  на маски, гелови за раце и алкохол за дезинфекција, пак, ги остави аптеките без овие производи. 

На некои продажни  места за два часа се трошеле и  до 400 тини дезинфексицки средства за раце или целата  количина што ја имале на залиха.

Аптекарите немаат информации кога ќе пристигнат маските и дезинфекционите средства. Но, препораките генерално се дека тие не штитат и нема потреба од нив. 

Промовирани огласи »

Членот 132 од Законот за работни односи го регулира делот со паузата за време на работното време. Според него, за време на дневното работно време работникот кој работи 6 часа и подолго од 6 часа има право на пауза во времетраење од 30 минути.

Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку 4 часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минута.

Должината на паузата во случај на нееднакво распоредување или времено прераспоредување на работното време се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.

Паузата може да се одреди дури по 2 часа работа и најдоцна 3 часа пред крајот на работното време.

Според членот 133 работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа.

Кога станува збор за неделениот одмор, работникот има право на истиот во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор од членот 133 погоре.

Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата.

Промовирани огласи »

Министерот Чулев информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи.

– Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави Чулев.

На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични.

– Дадов насоки за преземање поинтензивни активности на терен, а со цел превенција и спречување на овој вид кривични дела, изјави министерот Чулев.

На средбата во СВР Битола се разговарало и за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола. Посебен акцент, нагласи Чулев, бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »