Промовирани огласи »

Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места, покажуваат резултатите од најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Во анкетата 77,7 проценти од испитаниците рекле дека треба да се ограничи бројот на казина и спортски обложувалници, додека 14,8 проценти не се согласуваат со тоа. Седумдесет и девет проценти од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека 14 проценти се против. Според 69,5 проценти од анкетираните дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, а со тоа не се согласуваат 22,2 проценти. . Со став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат се 48,2 проценти, додека 39,2 проценти не се согласуваат со тоа.
Седумдесет и пет проценти од анкетираните се согласуваат дека казината и спортските обложувалници треба да плаќаат повисок данок, додека 12,3 проценти не се согласуваат со тоа. Само 22,1 процент од граѓаните во анкетата рекле дека одат во спортски обложувалници, а две третини, или 75,9 проценти велат дека не се обложуваат во спортски обложувалници. Очекувано, поголем број од оние кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5 проценти од мажите велат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8 проценти жени. Во анкетата 63,8 проценти од мажите и 88 проценти од жените одговориле дека не посетуваат спортски обложувалници. Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7 проценти тврдат дека трошат до 500 денари месечно.

Во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари 37,7 проценти од анкетираните, седум проценти трошат од 1.000 до 5.000 денари месечно, додека 2,9 проценти над 5.000 денари секој месец. Повеќе од половина од анкетираните или 52 проценти се на ставот дека државата не треба да организира игри на среќа, а 38,1 процент немаат против државата да организира вакви игри. Сепак, 76,4 проценти од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа, додека само 10,4 проценти сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1 104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот.

Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти. Можно е одделот целосно да биде затворен. Пациентите коиѓто се хоспитализирани исто така.

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штити своето здравје и здравјето на населението. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, кажа Филипче.

Промовирани огласи »

Wizz Air, Најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот. 

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.  

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.  

Од виокомпанијата  посочуваат дека може да ги информираат само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата. Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции - вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. 

Промовирани огласи »

Mногу мал пад на невработеноста има во државата. 

За половина процент се намалила невработеноста во четвртиот квартал од 2019 година,  во однос на претходните три месеци во 2019-та година.

Од 17,1 отсто невработеноста во 2019 заврши на ниво од 16,6 отсто. Највисока невработеност има кај младите до 24 години и таа изнесува 35 отсто.

Oва може да се види од податоците на Државниот завод за статистика. 

Сепак, Македонија е лидер во регионот по високата стапка на невработеност. Младите најтешко доаѓаат до работа. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »