Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека денес до Владата доставил уредби со сила на закон со кој се овозможува продолжено важење на истечените лични документи до завршување на вонредната состојба на државата и тоа: лични карти, возачки дозволи и патни исправи за македонските граѓани и дозволата за престој за странските државјани.

„Свесен сум дека живееме во услови кога движењето е сведено на минумум, но со оваа одлука ги заштитуваме граѓаните, но и вработените во Управните служби на Министерството за внатрешни работи“, информира Чулев. 

Ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита. 

Промовирани огласи »

Приватна агенција за вработување Мотиви, за потребите на свој клиент, реномирана компанија од Индустриска зона Ќојлија - Петровец вработува МАГАЦИОНЕРИ - 3 извршители: https://kariera.mk/job/QqQUjlDrm0O7DyCeV7MmsA/magacioner-3-izvrshiteli

Гемма Инженеринг има потреба од АРХИТЕКТ: https://kariera.mk/job/wHHAHkb0S0e6uUVm5k_fCw/arhitekt

Дени Интернационал има потреба од вработување на ИНФОРМАТИЧАР со и без работно искуство: https://kariera.mk/job/EyHJ9C-xl0aSxztzf-gCXQ/informatichar

iVote со отворено работно место за E - LEARNING COURSE CREATOR: https://kariera.mk/job/tj_8Ed3wzkKypws_Hw6Aig/e-learning-course-creator

Европа Лек Фарма го проширува својот тим со СТРУЧЕН СОРАБОТНИК: https://kariera.mk/job/Z62zdPkOBk6lH4CTzht5GA/struchen-sorabotnik

Промовирани огласи »

Ние сме држава во развој, но подготвени ja пречекуваме оваа криза, следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21.


Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители, ќе има уредба со законска сила, сега владата е во вонредна состојба ќе има брзи и ефикасни модалитети, истакна Заев.
 
Лидерот на СДСМ истакна и дека со тимот експерти работи на нов, огромен пакет економски мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните, за санирање на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот, најавувајќи вкупна финансиска поддршка од 200 милиони евра во стопанството.
 
– 43.000 е бројката на вработени во угостителството и трговијата, кои се првично зафатени со кризата. Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други. Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството, рече Заев. 

Промовирани огласи »

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од корона вирусот и заштита на ликвидноста и работните места. Како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додава дека се во преговори со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат достапни на компаниите за бескаматни кредити. Преку мерката ослободување од плаќање на аконтации од данокот на добивка за сите погодени компани, како што рече, во наредните три месеца ќе се ослободат околу 10 милиони евра,  со субвенционирањето на 50 отсто од придонесите околу 20 милиони евра, преку бескаматните кредити ќе им се достапни уште шеесетина милиони евра.

Министерката најави и дека се прават напори за ослобoдување на граѓаните од ратите за кредити за наредните три месеци.

Комитетот за финансиска стабилност денеска има состанок на кој ќе се разговара  со комерцијалните банки за носење на одлуката за одлагање на плаќањето на ратите за кредитите и за граѓаните и за погодените компании. Треба да најдеме начин кога граѓаните ќе почнат да ги плаќаат ратите, а тоа да не биде тоа преку нарушување на финасиската стабилност – додава Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »