СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenix-all-in-one.eu  и www.phoenixgroup.eu

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место

 

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 

Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи го портфолиото на реномиран производител за Југозападен регион ( Охрид, Струга, Кичево )

 

Потребни квалификации:

  • ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;
  • Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност;

 

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител за Југозападен регион ( Охрид, Струга, Кичево );
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
  • Редовни извештаи;
  • Учество и организирање на стручни собири;
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар;

 

 
Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Одлични комуникациски и презентациски способности;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

 
Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето. 
 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.

 

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »