Промовирани огласи »

Сите летови на авиокомпанијата „Виз Ер“ од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март во 23 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Виз Ер“.

Како што информираше вчера министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со оглед на фактот дека и двата аеродорма во државава се затворени и нема операции, договорот за финансиска подршка со „Виз Ер“ е ставен во мирување, со што нема да се исплаќаат субвенциите од државата по тој основ.

„Виз Ер“ информира и дека патниците со резервирани билети погодени од суспендираните летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и тие ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Виз Ер“.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во тој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од авиокомпанијата.

Промовирани огласи »

Од денеска малопродажната цена на горивата во Македонија уште повеќе ќе се намали. следејќи согласно референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои бележат радикално намалување.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: - Моторен бензин Еуросупер 95 - 49,50 денари/литар, Моторен бензин - Еуросупер 98 - 52,00 денари, Дизел гориво - 45,50, Екстра-лесно масло за горење - 34,50 и Мазут - 18,738 денари.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 се намалува за 5 денари по литар, Кај Еуросупер 98 се бележи намалување за 4,5 денари, Дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари, додека мазутот се намалува за 3,195 денари.

Промовирани огласи »

По два циклуси на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен. 

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во Македонија ќе има позитивно сценарио.

„Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории“, рече министерот.

За набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната. 

Промовирани огласи »

Наместо од 6 часот, со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 21–05 часот, јавниот превоз ќе почне да сообраќа од 5 , најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

– Заради проблемите кои што денес се појавија во јавниот превоз во Скопје, денес побаравме од Владата и беше донесена одлука да се скрати полицискиот час од 21-05 часот, а со цел избегнување на утринските гужви во автобусите.

Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација.

Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните.

Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома, стои во објавата на Шилегов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »