Претседателот Доналд Трамп и републиканските конгресни лидери се обидуваат да најдат доволно гласови да го поништат и заменат законот за реформи во здравството, познат како Обамакеар.
По мерката требаше да се гласа вчера, на седмата годишнина откако стана закон.
Иако контролата во обата дома на ја имаат републиканците, усвојувањето на предлогот е далеку од извесно, заради противењето од конзервативците кои велат дека не е доволно остар и умерените во партијата, кои стравуваат дека премногу Американци ќе го загубат здравственото осигурување.
Трамп имаше средби со републиканското раководство и на Капитол хил и во Белата куќа, во обид да издејствува доволен број гласови за усвојување на новиот план.
Ова е голем ден за здравственото осигурување. Работиме напорно, е Твитер-пораката на претседателот Трамп од средата.
Тој вчера се состана со членовите на групата во Претставничкиот дом, каде членуваат најконзервативните законодавци.
Само неколку часа пред гласањето, поранешниот претседател Барак Обама издаде соопштение предупредувајќи ги законодавците против промените коишто не би го подобриле здравственото осигурување за Американците.
Ако републиканците се сериозни за намалување на трошоците истовремено проширувајќи го здравственото осигурување на оние на кои им е потребно. Доколку се подготвени да соработуваат со демократите и лицата кои вршат објективни евакуации за да се најде решение за поставените цели, тогаш тоа е нешто што треба сите да го поздравиме, рече Обама.
За многу луѓе од Соединетите Американски Држави ова би било шок и со неизвесност се очекуваат промите кои сака да ги направи новиот претседател Трамп
Но, треба да почнеме од основата – дека во случај на какви и да било промени, нашиот систем за здравствена заштита ќе биде подобар, а не полош за Американците кои вредно работат. Тоа треба да биде нашиот приоритет - рече Обама