Промовирани огласи »

Хонорарното работење доживеа бум поради пандемијата. 

Ова мораше да се случи поради редуцирањето на работните места. 

Отворените работни места се зголемиле за повеќе од 25 отсто во период од април до јуни 2020 година, споредено со првите три месеци од годината, стои во извештајот на хонорарните преведувачи „Фаст 50“.

„Работодавците ги преиспитуваат буџетите и се одлучуваат за пофлексибилна работна сила. Дополнително, ова укажува на зголемен интерес кај вработените да се придвижат кон независна работа“, изјави извршниот директор на „Фриленсер“, Мет Бари за CNBC.

Истражувањето ги следи движењата од првите 50 најбрзорастечки и опаѓачки работни места на глобалниот пазар во Северна Америка, Европа и Азија.

Поради коронавирусот глобалниот пазар на труд е во голема криза, а стапката на вработеност не може да се врати како претходно. 

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести не даде зелено светло за организирање на свадби и веселби во угостителските објекти. Заклучокот е дека не се створени услови за организација на ваквите настани со оглед на моменталната епидемиолошка состојба која се манифестира со зголемен број на потврдени случаи на Ковид-19.

Во заклучокот на Комисијата се вели дека кога ќе се стабилизира епидемиолошката состојба и ќе се намали бројот на инфицирани свадбените и другите свечености ќе се организираат согласно протоколите кои ќе предвидат строго пропишани мерки за превенција од Ковид-19.

Угостителите за утре најавија протест пред Владата доколку не им биде дозволено организирање на веселби.

Минатата недела Владата дозволи да се организираат концерти на отворено со преполовен капацитет, задолжително носење маски на сите гости и продавање карти онлајн за да не створаат гужви на билетарниците.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Дополнително, институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес, како на пример Основниот и Вишиот управен суд, Државната изборна комисија и други, да ги вратат во редовен работен процес вработените лица во овие институции кои по различни основи се опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата со цел непречено извршување на редовните законски надлежности поврзани со активностите во изборниот период, информираат од Владата.

Промовирани огласи »

Учениците се подалеку од враќање во школските клупи. Капиите на училиштата најверојатно ќе останат затворени и по 1-ви септември, судејќи по објавениот документ од Министерството за образование, кој предвивува организирање на далечинска настава во новата учебна година.

Насловен “Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава”, во документот меѓудругото се бараат измени во законската рамка.

Ќе се доуредуваат работните должности на наставниците, начинот на кој ќе ја користат информатичката технологија, а законите ќе претрпат промени и во начинот на организација на наставата и во оценувањето на учениците.

Лоцирани се и најголемите предизвици кои треба да бидат надминати во следниот период. Околу 30 илјади ученици немаат компјутер во своите домови, па заедно со недоволната дигитална писменост, се наведува дека претставуваат најголема пречка за квалитетна онлајн настава.

Концептот за далечинската настава ќе се базира врз домашни документи, но и странски искуства. Појдовна основа ќе биде “Стратегијата за образование 2018-2025”, во која учењето од далечина нема добиено преодна оценка:

“И покрај тоа што за сите основни и средни училишта се обезбедени персонални компјутери достапни за сите ученици, примената не е доволно ефективна. Недостасуваат стандарди за користење во образовниот процес, а сите наставници не се доволно обучени”, се вели во овој документ.

Од останатите новини кои би ја прателе наставата од септември, се препорачува поголема вклученост на родителите во целиот процес, како и можност за одржување на онлајн час со две паралелки одеднаш.

Од МОН наведуваат дека Бирото за развој на образованието до петок ќе прима предлози и сугестии во врска со организирањето на далечинското учење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »