Промовирани огласи »

Плаќањето на ратите од кредитите ќе може да се одложува и по 1 октомври, но банките ќе одлучуваат кому ќе може тоа да му се одобри, а кому не.

Како што дознава Алсат ТВ од банкарски извори, одложување ќе добијат само оние кои се повеќе финансиски погодени од корона-кризата.

Секоја банка ќе одлучува поединечно за секој случај посебно, врз основа на приливите на средства на корисниците на кредити. 

Деталите се очекуваат за деновиве откако банакарскиот сектор ќе ги допрецизира со Народната банка, особено дали одложувањето ќе треба да го иницира должникот или кредиторот.

Промовирани огласи »

Овие проекти од денес, па во следните три дена ќе бидат претставени пред Комисијата за оценување и селекција која е составена со претставници на партнер организациите и надворешни експерти.

Дваесет и осум предлог-проекти од вкупно 39 продолжуваат во фазата на финална селекција на јавниот повик за справување со климатски промени 02-2, кој Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во соработка со Програмата за развој на ОН, Министерството за надворешни работи на државата Израел, Министерство за животна средина и просторно планирање на Македонија, како и две партнер организации Кајама Центарот за одржлив дизајн од Израел и организацијата Македонија 2025.

Овие проекти од денес, па во следните три дена ќе бидат претставени пред Комисијата за оценување и селекција која е составена со претставници на партнер организациите и надворешни експерти.

Проектите нудат решенија за глобалниот проблем со климатските промени и имаат за цел намалување на негативните последици по јавното здравје. Спроведувањето на овие решенија се очекува да придонесе и кон намалување на севкупните трошпци врз јавните фондови, а кои се предизвикани од загадувањето. Проектите се оценуваат според пет критериуми: влијание на животната средина и справување со климатски промени, степен на иновативност, квалитет на предлог проект, капацитет на проектниот тим односно конзорциумот и потенцијал на пазарот.

Вредно е да се напомене дека 3/4 од овие проекти доаѓаат од апликанти што за првпат се јавуваат на јавни повици на ФИТР, што говори за брзо-растечкиот интерес и доверба на компаниите и други организации во процедурите што се спроведуваат. Токму во неодамна спроведено истражување на ФИТР, мнозинство од компаниите се изјасниле дека процедурите и критериумите за оценување се јасни и разбирливи за аплицирање.

Инаку, со јавниот повик ќе се финансираат проекти до максимален износ од 30.000,00 (триесетилјади) евра. На овие средства, апликантот треба да обезбеди минимум 15% сопствено финансирање за предвидените активности.

Новина во овој повик е тоа што за компаниите кои се дел од финалната селекција се предвидени и специјални награди и тоа, студиско патување во Израел -"Start-up Nation & Mentorship" за три компании кои се влезени во фазата на финална селекција. Ова вклучува и можност за средба и размена на искуства со водечки компании, акцелератори и хабови во областа на високата технологија и одржливост, а наградата ќе ја обезбедат Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и Министерството за надворешни работи на Израел. Македонија 2025 пак обезбедува договор за екстензивно партнерство за идно менторирање, консултации или друг тип на услуга за време на имплементацијата на проектот, за еден од тимовите кои се влезени во фазата на финална селекција.

Заради пандемијата со КОВИД 19 и интересот да се обезбеди менторска поддршка за подготовка на апликациите, јавниот повик беше ре-објавен на 02 јуни, со траење до 20 јули 2020 година. Ова е втор повик на ФИТР наменет за проекти наменети за заштита на животната средина.

Фонд за иновации и технолошки развој

Промовирани огласи »

Најуспешниот инвеститор на 20 век наполни 90 години. По тој повод неговиот пријател и исто така успешен бизнисмен, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс му направи торта. Гејтс преку видео на Твитер  му се обрати на својот пријател Бафет.

„Ворен, среќен 90-ти роденден“, рече Гејтс.

Бафет подели многу свои совети со дипломците за тоа како најлесно да се заработи. Секако овие совети не им вредат само на младите луѓе на почетокот на кариерата, туку може да ги употреби секој кој сака да оствари успех во капиталистичкото општество. Ова се некои од нив…

Не е се во инвестирањето

Првото нешто што луѓето можат да научат од Ворен, се разбира, е како да се размислува за инвестирање. За жал, повеќето луѓе застануваат само на ова, и на тој начин го пропуштаат фактот дека тој има огромно знаење за бизнисот и дека е многу моќен. На пример, тој тврди дека пазарот треба да се игнорира наместо да се следи, само затоа што на тој начин ќе ги искористите недостатоците на пазарот и грешките на компаниите. 

Користете ја својата платформа

Многу бизнис менаџери им пишуваат писмa на своите акционери, но Ворен е со право познат по неговиот стил. Ворен е подготвен да зборува отворено и критикуваат нешта, исто како што не се двоуми да заземе став, како на пример кога даде поддршка на законот за зголемување на даноците за богатите, иако тоа директно се коси со неговите интереси. 

Мораш да бидеш свесен колку е твоето време драгоцено

Без оглед колку пари имате, не можете да купите повеќе време. Секој ден има само 24 часа. Ворен не дозволува неговиот календар да биде исполнет со неважни состанови. Од друга страна, пак, е многу дарежлив со одвојување време за луѓе кои му се вредни.

Никогаш не престанувајте да учите

Според зборовите на Чарли Мундер од „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет ги насочил своите активности на неколку работи, со максимална концентрираност на нив. Работејќи така 50 години, станал експерт во тие нешта, исто како што на пример, Роџер Федерер е мајстор во тенисот. Со други зборови, Бафет сфатил во што е добар и константно работел на тоа усвојувајќи нови знаења.

Клучот е трпеливоста 

Во бизнисот, но и во многу други нешта, трпението е важно, ако не и пресуден фактор. Бафет знаел кога треба да почека, иако е многу лесно да попуштиш на притисокот и да го „притиснеш копчето“. Но наместо избрзани одлуки, тој седел и чекал подобра понуда, која на крајот сепак се појавила. Трпението многу често значи – чекор напред. 

Дадете им признание на своите колеги

Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш тука биле другите успешни колеги, работници или деловни партнери кои го одработувале својот дел од работата. Ако сакате да ги следите чекорите на Ворен Бафет, никогаш немојте да заборавите да им се заблагодарите или да ги наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот. 

Фото: Getty images

Промовирани огласи »

Заврши исплатата на повратот на дел од ДДВ за сметките кои граѓаните ги скенираа во втроото тримесечје, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму инфорираат дека во месеците април, мај и јуни 2020 годинасметки скенирале  304.472 лица. Скенирани се 41.650.814 фискални сметки со штоби остварен промет од 21.414.380.426 денари.

„За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236.493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ. За корисниците на апликацијата  кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана, истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка, стои во соопштението.

Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би  се извршила исплатата на повратот на дел  од  ДДВ искажан во фискалната сметка.

Напоменуваат и дека најчести причини поради кои не е извршена исплатата се -  погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »