Промовирани огласи »

Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат. За отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа.

Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца, од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место.

Се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.

Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.

Промовирани огласи »

WhatsApp ќе ги прошири своите услуги за корисниците во делот на финансиите со новите амбициозни планови на Марк Цукерберг преку Facebook Pay платформата.

Корисниците на WhatsApp до своите контакти ќе може да префрлаат пари поврзувајќи ја нивната банкарска картичка која може да биде дебитна или кредитна. Оваа опција веќе се тестира во неколку големи држави каде WhatsApp има голема база на корисници.

WhatsApp ќе ги прошири своите услуги за корисниците во делот на финансиите со новите амбициозни планови на Марк Цукерберг преку Facebook Pay платформата.

Корисниците на WhatsApp до своите контакти ќе може да префрлаат пари поврзувајќи ја нивната банкарска картичка која може да биде дебитна или кредитна. Оваа опција веќе се тестира во неколку големи држави каде WhatsApp има голема база на корисници.

Промовирани огласи »

Викендов се одржа извлекувањето на 15 награди од по 20.000 денари, како дел од наградната игра „МојДДВ #Моја награда“.

Се работи за наградите што се доделуваат на месечна основа, а во ова извлекување учествуваа сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.08.2020 година до 31.08.2020 година.

Вкупниот број на скенирани фискални сметки што учествуваа во ова извлекување изнесува 17.543. 895.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Добитници на наградите се:

1. Павлинка Николова – Штип
2. Милена Робева – Скопје
3. Дејанчо Малинов – Пробиштип
4. Мерсиме Бајрами – Скопје
5. Доне Чамевски – Кавадарци
6. Милена Чалмова – Битола
7. Гордана Каневче – Битола
8. Трајче Панов – Струмица
9. Дарко Кољозов – Скопје
10. Богдан Душановски – Куманово
11. Марина Бојковска – Битола
12. Виолета Кљанкова – Струмица
13. Лиљана Крстова – Кочани
14. Даниела Мишевска – Скопје
15. Анета Лазареска – Кичево

Промовирани огласи »

За тие што ќе сакаат предвреме да одат во пензија, факт е дека нема да ја земаат целата сума на редовната пензија, туку намален износ.

Колкаво ќе биде тоа намалување, осносно колку проценти, засега не се знае, а тоа ќе биде познато кога ќе биде донесен соодветниот закон, кој во моментов се „крои“, а се очекува дека ќе стапи на сила од стартот на идната година.

Според информациите, колку помала пензија ќе земаат, ќе зависи од тоа колку години порано ја напуштиле работата.

Притоа, со новите законски решенија, жените ќе може предвреме да се пензионираат на 57, а мажите на 59 година, со тоа што ќе добиваат помала пензја. 

Според податоците на ПИОМ, со предвременото пензионирање од 5 години се опфатени 52 илјади вработени и тоа 28 илјади мажи и 23 илјади жени. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »