Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

-Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Важно е, дополни, што постоечките патни исправи и обрасци се употребуваат и државата има најдено начин за тоа до моментот додека да се направат новите и со самиот момент на можност за печатење и за имплементација на тој проект и ќе започнеме со тоа, така што, очекувам во 2021 година да започнеме со имплементација на овој проект. 

Промовирани огласи »

Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува уникатниот настан за сите љубители на филмот – А1 Drive-in кино, со богата филмска понуда што на сите посетители ќе им овозможи оригинално доживување. Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенција ќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.

На седумдневниот репертоар на А1 Drive-in киното ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, а официјалното отворање на 29 септември во 21 часот ќе започне со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). Паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција. Влезниците се бесплатни, со претходна резервација преку веб-страницата www.karti.com.mk.

„Инспирирани токму од нашите корисници и од желбата за безбедна социјализација во време на пандемија, креиравме настан што ќе овозможи уште поголема содржина и повеќе забава за сите, но истовремено ќе понуди и ново, уникатно искуство за сите љубители на седмата уметност. A1 Drive-in киното е организирано согласно сите протоколи за одржување настани на отворено и на сите посетители им посакуваме да уживаат во седумдневните проекции“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Во деновите што ќе следуваат, A1 Drive-in киното ќе понуди уште 6 кинопроекции на врвни филмски наслови, односно по еден на вечер, и тоа „Вистина“ (The Truth, 2019), „Уште една тура“ (Another Round, 2020), „Пинокио“ (Pinocchio, 2019), „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy, 2019), „Проксима“ (Proxima, 2019) и популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019), кој е предвиден за затворањето на настанот на 5 октомври.

Резервација на влезниците треба да се направи најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата и потребно е при влегувањето таа да се покаже на мобилниот телефон или во отпечатена форма. Влезот за сите денови е од 19:30 до 20:30 часот, а, пак, проекциите започнуваат во 21 часот.

Со цел поголема достапност на проекциите за колку што е можно поголем број посетители, бројот на резервации по проекција е ограничен. Притоа, едно лице може да изврши една резервација што важи за едно возило. А, пак, согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, посетителите во возилото треба да носат заштитни маски доколку не се членови на исто семејство.

Со оглед на условите што ги нуди просторот, влезот за A1 Drive-in киното ќе биде овозможен само за автомобили, а не за комбиња, мотори и велосипеди, и тие ќе се распоредуваат на паркингот според времето на пристигнување.

A1 Македонија апелира за задолжително почитување на мерките за заштита и превенција од КОВИД-19.

Промовирани огласи »

Ширум Европа се враќаат рестрикциите поради коронавирусот. 

Забрани за движење од вчера се воведени и во одредени делови на Шпанија. Квартови во Мадрид се под карантин, а на граѓаните им е дозволено да излезат од нив само ако имаат неодложни обврски. 

Во повеќе градови во Франција каде што има висока стапка на нови заразени собирањето на сите јавни места е ограничено до 10 лица.

Повеќе од 9 лица не смеат да бидат заедно ниту во затворен ниту на отворен простор во Грција, освен во рестораните. Затворени се сите кино сали,м а откажани се и концертите и музичките настапи во живо поради што вчера музичарите излегоа и на протести.

Данска и Исланд деновиве вратија дел од старите мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. 

Тоа значи затворање на баровите, кафулињата и ноќните клубови. 

Можно е и во Македонија да се вратат рестрикциите, затоа што бројките на заразени се високи. 

Промовирани огласи »

Вкупно 2,35 милиони евра ќе вложи државата за поддршка на 84 микро и мали стартап компании, соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.

Тие синоќа ги презентираа 84-те стартап компании што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2“.

Во рамките на овој повик, во првиот бран беа поддржани 53 компании, но поради квалитетниот број апликации по препорака на Комитетот за одобрување на инвестиции, беа обезбедени дополнителни милион евра, за поддршка на уште 31 микро и мали стартап компании. Вкупниот обем на инвестиции изнесува над 3 милиони евра, од коишто 77 отсто, односно 2,35 милиони евра се средства што ги обезбедува Владата во соработка со Светска Банка, а 23 проценти или речиси 702.000 евра ќе ги обезбедат самите компании.

Своите искуства и успешни приказни на настанот во Музејот на современа уметност ги споделија Симона Николова од „Уретани“ и Игор Томовски од „Пајл Контрол“, чии компании беа избрани на првиот повик „Стартапувај“. Тие веќе успешно работат и на меѓународните пазари, а за нив поддршката од државата и Фондот, како што рекоа, била клучна за развој и напредок. Со своите говори ги мотивираа сите да се охрабрат и да аплицираат бидејќи како што велат процесот е транспарентен и беспрекорен, а техничката поддршка од Фондот особено значителна.

-Верувам дека изминатите три години, покажавме и докажавме како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи. Го етаблиравме Фондот за иновации како дом за секој храбар, млад човек со конкретна идеја. Во портфолиото на Фондот, само во овие 3 години, заедно со овие кои денес ги објавуваме, поддржани се или ќе се поддржат повеќе од 500 домашни компании, во најголемиот дел станува збор за микро и мали фирми, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 30-ина компании. Притоа, ова се компании кои ќе реализираат проекти во вредност од 73 милиони евра, вкупен обем на инвестиции, и влог на компаниите и поддршка од ФИТР, рече Битиќи.

Министерот Бектеши најави зголемена поддршка и нови владини мерки за стартап компаниите во иднина.

-Убеден сум дека имаме многу млади луѓе кои имаат идеи, само треба да ги охрабриме, да им дадеме можност, да не ги спречиме во исполнувањето. На таков начин ќе креираме и подобра економија за нашата држава, но истовремено и подобар животен стандард, подобро платени работни места и  поуспешна држава за сите нас, а утре и за нашите деца, истакна Бектеши.

Тој додаде дека ако пред три години државата не одвојуваше ни 1,5 милиони евра за стартап бизниси, сега, само за една година, буџетот за оваа намена е зголемен 10 пати. Според министерот, ваквите успешни приказни се поттик во иднина да се зголеми буџетот за поддршка на младите за стартап бизниси.

– Токму вие млади луѓе и вашите компании сте она здраво јадро во економијата што ќе не извлече напред. Со вас, од оваа економска криза ќе излеземе посилни. Во овие три години заедно покренавме инвестиции од над 73 милиони евра, од кои над 40 отсто се ваш влог, на домашните компании. Сега, веќе можеме гордо да зборуваме за многу успешни приказни и резултати од работата во изминатите три години. Само во 2019 година фирмите што користат средства од Фондот уплатиле на име придонеси и данок на добивка за 3,5 милиони евра повеќе средства во Буџетот отколку што Фондот исплатил кон проектите. Тоа се 3,5 милиони евра повеќе за болници, училишта, наставен кадар и медицински персонал, за пензии, социјала, рече директорот на Фондот, Деспотовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »