Промовирани огласи »

Во денешно време сите знаеме дека културата на компанијата игра важна улога во компаниите кои одат кон дигитална трансформација.
Ова е посебно важно за маркетинг департментот, кој се менува со толкава брзина што успехот во делот на маркетингот во голема мера зависи
од успехот на HR да препознае и пронајде нови вештини. Од друга страна и успехот во HR се должи на помошта од маркетингот. 

1.Натпреварувајте се за талентите како што компаниите се натпреваруваат за клиенти.
Кога потенцијален вешт апликант за работа проверува компанија, првото место се социјалните мрежи како Facebook и LinkedIn.

2.Обратете доста внимание на корисничкиот интерфејс.
Како апликант за работа би сакал да пополнам формулар и потоа да имам пристап до некој во живо преку чат или веб видео.
Ова е честа пракса при корисничка подршка.

3.Бидете човечни. На крајот во ова дигитално време најчовечните компании ќе победат.
Имаме фантастични прилики преку технологии да ги симнеме бариерите меѓу луѓето.

4.Изградете бренд начини кои ќе ја презентираат вашата порака.
Во реалноста, тоа не се случува често. Социјалните мрежи изгледаат добро, но во реалноста, успехот не е загарантиран. 
Кој сака да ја објави компанија за сточна храна на Твитер или Фејсбук?

5.Обидете се со контекстуални реклами. 
Денес било каков вид на маркетинг обично има платена промотивна компонента. 
Ако ние се обидуваме да привлечеме вработени наместо клиенти, зошто да не го правиме истото?
Постојат луѓе кои зборуваат за нивните онлајн работни искуства цело време.

6.Размислувајте стратегиски за околностите.
Одлуката на купувачот во големо зависи од одредени услови и околности.
Тие може да гледаат реклами, да пребаруваат информации на интернет, или да разговараат со пријателите.
Пазарот треба да се обиде да има некој вид на содржината на чекање за клиентите на секој чекор од нивното патување.

7.Користете маркетинг влијание. 
Ние брзо се движиме кон свет во кој рекламите се блокираат или игнорираат, но луѓето се уште сакаат да добијат информации од интернет личностите на кои им веруваат.

Промовирани огласи »

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси се лизана од највисоките нивоа во историјата, бидејќи дел од вложувачите се решија на повлекување на заработките од пазарите по трите седмици постојан пораст на цените на акциите.Индексот Dow Jones ослабе за 0,28 отсто, на 19.097 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,53 проценти, на 2.201 поен, а Nasdaq индексот падна за 0,56 отсто, на 5.368 индексни поени.

Од 8-ми ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа, цените на акциите на Волстрит без престан растеа бидејќи се очекува дека плановите на Трамп за зголемување на фискалната потрошувачка, намалувањето на даноците, вложувањата во инфраструктурата и олбавената регулација во поединечните сектори позитивно ќе влијае на економијата.

Поради тоа во петокот сите поважни индекси достигнаа највисоки нивоа во историјата. Во понеделникот, меѓутоа, дел од инвеститорите се одлучија за повлекување на заработката од пазарот, па затоа, меѓу другото, под притисок се најде финансискиот сектор.

Откако по победата на Трамп цените на акциите на банките во просек пораснаа за повеќе од 10 отсто, во понеделникот акциите на „Wells Fargо“, „Citigroup“ и „Bank of America“ поевтинија меѓу 2 и 2,7 отсто.

Цените на акциите силно пораснаа по изборите, особено во секторите кои се најчувствителни на движењата во економијата, како што е финансискиот. А сега дел од вложувачите се одлучија за повлекување на заработката, додека се чека нов силен придвижувач на пазарите“, вели за Reuters Петер Јанковскис, директор во компанијата „OakBrook Investments.

Обемот на тргувањето и во понеделникот беше под просекот, каки и претходните трговски денови. На американските берзи сопствениците во понеделникот ги заменија 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 денови изнесуваше 7,8 милијарди акции.

Промовирани огласи »

Неочекуваниот празничен посетител конечно ќе го добие заслуженото внимание…

Apple испраќа порака за заедништво за оваа сезона на Божиќни празници со својата нова реклама во која се појавува неочекуван гостин- чудовиштето на Frankenstein. Оваа реклама започнува со Frankie кој е стациониран во својата колиба во планините снимајќи музика на својот  iPhone.

Оддеднаш чудовиштето се спушта во малото село и ги изненадува локалните граѓани на сосема неочекуван начин. Погледнете го видеото:

Потпретседателот за маркетинг на Apple Tor Myhren за интервју за FastCo објаснува дека не станува збор за конотација со претседателските избори кои штотуку завршија.
Станува збор за минута-две каде се дава простор за реклама која има за цел да забавува и притоа да се поврзе во конотација во нешто во кое веруваат вработените во Apple.

Промовирани огласи »

Според научникот тоа не е посакуваната иднина, што значи дека човекот ќе мора да ја колонизира планетата Марс, или пак да научиме како да го контролираме растот на популацијата.

Асторфизичaрот, појаснил дека во иднина би можело да се случи човечштвото да започне да гради и да населува повеќе масивни градежни конструкции, а некои од нив би можеле длабоко да навлегуваат под површината на Земјата.

Нил де Грас Тајсон предупредува „дека благодарение на технологијата, ние всушност имаме шанси за опстанок“.

На мојата смртна постела најмногу ќе жалам што не сум живеел подолго за да ги видам сите оние изуми кои што допрва ќе се појават. Го обожувам тоа што сега можам да експериментирам и да бидам дел од генијалноста на човечката раса, порачал американскиот астрофизичар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »