Промовирани огласи »

Според најавите на премиерот Зоран Заев, во четвртиот пакет економски мерки, еднократна помош од државата не треба да очекуваат активните баратели на работа, кои добиле пари со третиот сет мерки, туку државни пари на картичка ќе добијат само пасивните баратели на работа.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во август имало 144.759 невработени, кои се пријавуваат како активни баратели на работа и кои секој месец редовно се евидентираат. Како пасивни баратели на работа, или други лица што бараат работа, во август имало 84.059 невработени и тие имаат обврска за пријавување во Агенцијата еднаш на шест месеци.

Во изминатиов период, пак, како што пишуваше „Слободен печат“, многу невработени што досега не се пријавуваа во Агенцијата за вработување, поитаа да се пријават, и тоа како активни баратели на работа очекувајќи дека во овој пакет на мерки ќе има пари за нив. Дел од пасивните баратели на работа, пак, се префрлиле во активни баратели, затоа што минатиот пат пари имаше само за нив. Според нашите сознанија, за спроведување на оваа мерка во четвртиот пакет, ќе има некој датум што ќе биде граница до која ќе се земат предвид податоците за пасивни невработени што ќе добијат државна помош.

За разлика од претходно, кога невработените добија по 9.000 денари, сега сите платежни картички се по 6.000 денари.

– Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените што се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите. Плус поддршка за ученички и за студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани што се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Со тоа, оваа мерка опфаќа 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во врска со настанот „Бела ноќ“, министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно препораките, столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи  и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.

-Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000 Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.

Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ

Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалние каси на домашните од странски производи и услуги.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата, Зоран Заев откако заврши седницата во Владата на прес-конференција го презентираше четвртиот пакет економски мерки.

Тој соопшти дека платежни картички во вредност од 6000 денари ќе добијат следниве категории на граѓани:
-невработени – пасивните баратели на работа,
-пензионерите кои имаат пензии до 15 000 денари
-самохрани родители
-самостојни уметници
-филмски работници
-културни работници
-естрадни уметници и
-540 студенти кои во претходниот пакет не добија платежни картички.

Исто така потенцираше и дека лицата кои имаат над 64 години, а немаат пензија исто така ќе бидат помогнати од државата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »