Промовирани огласи »

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна совработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва.

Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги – посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2 октомври до 9 ноември оваа година почнуваат со реализација на акциониот план.

Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите Државно конзуларните претставништва.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидено истото, македонските државјани повеќе информации можат да добијат на страната на Министерството за надворешни работи на Република Македонија www.mfa.gov.mk

Промовирани огласи »

Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во парламентот. Со измени на законот за трговија, за чие усвојување вчера во народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци се забранува работата на продавниците во недела и за празници.

Од забраната се исклучени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците, јавуваа словенечките медиуми.

Исто така, во недела и за државни празници ќе бидат отворени и останатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, ако во нив работата ја извршуваат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и ученици, студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше и уставниот суд, а во септември 2003 за тоа на референдум беа прашани и граѓаните. Забраната за работа во недела тогаш ја поддржаа 57 отсто од гласачите кои излегоа на гласачките места.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата

До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека во текот на претходниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.

– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот, додаде Филипче.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »