Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 01-08 октомври, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: компјутери, лаптопи и таблети, мобилни телефони, телевизори, клима уреди, фрижидери, машини за перење/сушење, плотни, фурни, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за акцијата Happy Week, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Neptun“, „Jumbo“, “Spar” и други. Овој месец на ниво на “Neptun International” се најавува нова комуникациска стратегија преку “магичниот” збор “АЈДЕ” кој во нашиот балкански регион на повеќе различни јазици има едно исто значење, двигателен повик кој едноставно дава позитивно и лесно решение кое Нептун го нуди на луѓето и нивните секојдневни предизвици. Нептун е место кое нуди решенија, место во кое ги олеснуваме нашите животи преку купување на најновите и најдобрите технологии и апарати за домаќинство. Со нетрпение очекуваме што сѐ ќе содржи новиот концепт на Нептун. Во меѓувреме, АЈДЕ во Нептун на шопинг со големи попусти и до 60 рати без камата!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна совработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва.

Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги – посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2 октомври до 9 ноември оваа година почнуваат со реализација на акциониот план.

Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите Државно конзуларните претставништва.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидено истото, македонските државјани повеќе информации можат да добијат на страната на Министерството за надворешни работи на Република Македонија www.mfa.gov.mk

Промовирани огласи »

Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во парламентот. Со измени на законот за трговија, за чие усвојување вчера во народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци се забранува работата на продавниците во недела и за празници.

Од забраната се исклучени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците, јавуваа словенечките медиуми.

Исто така, во недела и за државни празници ќе бидат отворени и останатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, ако во нив работата ја извршуваат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и ученици, студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше и уставниот суд, а во септември 2003 за тоа на референдум беа прашани и граѓаните. Забраната за работа во недела тогаш ја поддржаа 57 отсто од гласачите кои излегоа на гласачките места.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата

До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »