Промовирани огласи »

За трипати зголемен прометот од македонски производи во првиот ден од Викенд без ДДВ. 

Управата за јавни приходи известува дека согласно обработените податоци, во првиот ден од Викенд без ДДВ  (10.10.2020) прометот од македонски производи е зголемен за трипати. Граѓаните кои вчера  ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги како и компјутерска опрема во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на Октомври 2020 година.

Мерката трае заклучно со понеделник, а граѓаните сметките треба да ги скенираат во рок од 3 дена по нивното издавање.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Од утре во Косово и во Србија се патува без ПЦР тест. 

Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата, изјави дека од утре граѓаните на нашата земја ќе може да патуваат во двете соседни земји  без ПЦР тест.

„Како што е познато, веќе долго време граѓаните на Албанија доаѓаат во нашата земја без никаков тест, и нашите граѓани патуваат во Албанија без тест. Од утре се надевам дека тоа ќе биде случај и со Косово и со Србија“, изјави Груби.

Сепак, премиерот Зоран Заев повика да се патува само ако е неопходно. 

Во целиот регион бројот на заразени расте.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема  (http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/8),  со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки, информираат од УЈП. 

За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се пресметува со 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 %.Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.

Промовирани огласи »

Вработените во „Мајкрософт” ќе работат трајно од дома

Microsoft им дозволи на вработените работа од дома – засекогаш

„Мајкрософт” одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави денеска високо-технолошката новинска страница „Тhe Verge”.

Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт” работи од дома поради пандемијата, производителот на софтвер внатрешно ги откри упатствата за „хибридното работно место” за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува „The Verge”.

Интернет-гигантот имаше 163.000 вработени на 30 јуни, од кои 96.000 во САД.

„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно”, пишува The Verge.

Мајкрософт го прифати тој систем замислен во високотехнолошки сектор, како што Фејсбук овозможува постојана работа од дома. Сепак, вработените во „Мајкософт” ќе мора да се откажат од работните места, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.

„Пандемијата не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин”, забележа Кетлин Хоган, извршен директор во „Мајкрософт”.

„Но, некои работни места нема да може да се вршат далечински цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот”, додаде таа.

Канцелариите на Мајкрософт нема да бидат отворени до јануари 2021 година.

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека половина од работниците на социјалната мрежа можат да работат трајно од дома во следните пет до десет години. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »