Промовирани огласи »

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија односно претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата КОВИД-19 и изборите во Македонија и Србија и тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција.

За време на средбата преку интернет, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев истакнаа дека оваа иницијатива е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека е добра основа за подготовка на земјите од Западен Балкан за претстојниот Самит на Западен Балкан што ќе се одржи во Софија во ноември во рамките на Берлинскиот процес со кој оваа година копретседаваат Бугарија и Македонија.

Лидерите на Србија, Албанија и Македонија се согласија дека е многу важно сите шест земји од Западен Балкан да учествуваат во иницијативата за регионална соработка и во таа насока денеска и официјално го поканија Косово да се приклучи на иницијативата и како резултат на рамката поставена на самитот во Вашингтон во септември годинава меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Претседателот Вучиќ, и премиерите Рама и Заев, исто така се согласија да формираат постојана работна група од претставници на сите земји од иницијативата за да се забрза спроведувањето на договорените активности во рамките на регионалната соработка.

Лидерите на Србија, Албанија и Македонија, учесници на денешната онлајн средба, се согласија дека иницијативата за регионална соработка е добра основа за идентификување на заеднички инфраструктурни проекти за развојната агенда на регионот кои можат да бидат опфатени со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан што неодамна го усвои Европската Комисија.

Тројцата лидери изразија надеж дека наскоро и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат на иницијативата со што ќе се постигне подобра и посеопфатна економска соработка помеѓу сите држави во регионот.

Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.

Промовирани огласи »

Синдикатот за образование и наука, СОНК, бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи на наставниците кои се од ризичните групи граѓани да ја изведуваат наставата од дома. „Хронично болни наставници секојдневно до работа патуваат со автобус и се изложени на огромна опасност од заразување, особено постарите наставници“, вели Јаким Неделков од СОНК.

Овој Синдикат бара од директорите, по барање на наставниците да им дозволат да работат од дома и во октомвриската плата која треба да ја добијат на почетокот на ноември, да бидат пресметани дополнителните часови.

„Сите паралелки кои бројат над 20 ученици, мора да се поделат на две групи, што значи удвојување на работата на наставниците. Бараме од директорите оваа дополнителна работа да ја пресметаат и да ја стават во вид на додаток на плата, поради прекувремената работа“, вели Јаким Неделков од СОНК.

Тој тврди дека постои таков основ во Законот за работни односи и општиот колективен договор.

„ Од терен имаме информации дека одредени директори не сакаат да го спроведат Законот и колективниот договор, тврдат дека немало зголемен обем на работа, други општини и училишта велат дека немаат пари, а трети дека ќе дале слободни денови како надомест за зголемената работа. Се ова е неприфатливо за нас и бараме да им се исплатата додатоци на плата на овие вработени“, вели Неделков.

Тој им препорача на наставниците кои имаат зголемен обем на работа да се обратат до директорот преку архивата и да ги побараат своите права, а доколку добијат негативен одговор ќе следува обжалување до училишниот одбор, а потоа и тужба.

Промовирани огласи »

Сите оние кои со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на новите и најмоќни iPhone телефони, од денес ќе можат да направат преднарачка на iPhone12 Pro и iPhone12 на 24 рати БЕЗ камата на haPPy цените во сите НЕПТУН продавници ширум државата и онлајн на https://www.neptun.mk/.

Со прекрасен и комплетно нов дизајн, iPhone12 Pro и iPhone12 се одликуваат со супер нови системи на камера, Super Retina XDR OLED дисплеj и Dolby Vision систем за снимање на видео. Имаат најголема Ceramic Shield заштита и A14 Бионички чип - најбрз чип изработен за смартфон.

Понудата на НЕПТУН за 24 рати без камата на haPPy цени е со ограничени количини и важи само за оние кои ќе направат преднарачка најдоцна до 05.11.2020. А со новиот iPhone, првото селфи ќе може да го направат веќе на 6-ти ноември. Дојдете во НЕПТУН, нарачајте си и бидете меѓу првите со нов iPhone12!

Промовирани огласи »

И покрај сите напори на операторите да се реши проблемот со спорниот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги решение се уште нема. На 8.  ноември истекува рокот за пререгистрација на каналите предвиден со  Уредбата за измена на Законот донесена во време на вонредна состојба.

По истекот на рокот, операторите ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, освен јавниот програмски сервис МТВ што ќе значи информативен мрак и ненадоместливи последици за граѓаните, слободата на медиумите и слободниот пристап до информации, индустријата за електронски комуникации, но и за државата.

И покрај конфузијата која произлезе од донесувањето на овој закон, решение постои, но е заглавено во институиите. Операторите поднесоа Иницијатива до Уставниот суд во февруари годинава за оценување на уставноста на овие одредби од Законот,  за што Уставниот суд сеуште нема донесено одлука. Постои и друга солуција, односно бришење на спорните членови од Законот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“. - Благој Христов, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија каде членуваат сите оператори.

Спорните членови во Законот за медиуми, донесени на почетокот на годинава им наметуваат на операторите обврска да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Тоа значи дека на операторите им се наметнува одговорност за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано,  спротивно на Уставот и не постои во ниту една држава во рамките на Европската Унија.

Доколку наскоро власта и институциите не го решат проблемот, граѓаните ќе останат без телевизиска понуда и информации, што е особено загрижувачки во време на ковид криза, кога информациите голем дел од граѓаните ги црпат токму преку телевизиските вести и другите програми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »