Промовирани огласи »

Законскиот рок одмина, ќе го исплати ли УЈП повратот од „Викенд без ДДВ“?

Помина безмалку еден месец, а требаше за 15 дена

Законот за ребаланс на буџетот стапи во сила уште минатата недела, но граѓаните се уште чекаат да им биде исплатен повратот од „Викенд без ДДВ“ на сметките.

Враќањето на целосниот износ на ДДВ законски требаше да се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, а овој проект од четвртиот сет на економски мерки се изведе за време на продолжениот викенд од 10 до 12 октомври. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими изминатиот викенд најави дека пари ќе добијат 204.088 граѓани од оваа недела, додека од Управата за јавни приходи велат дека образците за исплати веќе им се подготвени.

На граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема треба да им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки,.

За проектот „Викенд без ДДВ“ првично беа одредени 17 милиони евра, но според потрошеното, треба да им бидат исплатени 1,1 милиони евра, поточно 66.853.929 денари.

За купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема во деновите 10, 11 и 12 октомври вкупно 204.088 граѓани кои скенирале оствариле промет од 558.176. 715 денари.

Од Управата за јавни приходи информираа дека месецов практично на сметките на граѓаните ќе легнат 500 милиони денари - од редовниот поврат за претходните три месеци и од викендот без ДДВ. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

Биткоинот достигна 15 000 американски долари, првпат од јануари 2015 година

Цената на биткоинот за прв пат после пет години се искачи на 15.000 долари

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, се зголеми за околу 8%, а според сегашните податоци, за прв пат од јануари 2015 година достигна ниво од 15 000 американски долари.

Според порталот CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната цена на повеќе од 20 валути, биткоинот вреди 14.945 долари, пренесува Спутник.

На Бинанс, најголемата размена на криптовалути, биткоинот порасна за 7,95 проценти на 15.005 долари.

Тргувањето со биткоин претставува 65,1 процентi од глобалниот пазар на криптовалути.

Промовирани огласи »

Ќе има нов скок на цената на златото. 

Eкономистите во САД прогнозираат дека златото ќе биде победник, без разлика кој ќе биде идниот претседател. 

Џејмс Растех, директор на техничкиот оддел на крајбрежниот капитал, за CNBC, изјави дека фискалната и монетарната политика остануваат скоро идентични, без оглед под чие водство ќе биде Америка. 

Растех објасни дека фискалните стимулации, државните трошоци или намалувањето на даноците обично доведуваат до поширок дефицит, што ги охрабрува инвеститорите да ги вложат своите пари во побезбедни средства како што е златото.

Ова води кон раст на цената на златото.

Цените на златото драстично се зголемија и достигнаа рекордни високи нивоа на почетокот на пандемијата, но побарувачката за благородниот метал падна во последниот квартал на 2020 година. 

Економистите објаснуваат дека рударите на злато сега трошат повеќе капитал на потрага по ново злато, но квалитетот на новооткриениот благороден метал е многу помал.

Во светот резервите со злато се трошат. 

Се верува дека во светот има уште 20 отсто од резервите на злато, кои засега не се ископани од рудниците. 

Производството во рудниците за злато лани изнесуваше вкупно 3.531 тони, што е за еден процент помалку од претходната година. Со овие податоци расплага Светскиот совет за злато.Изборите во САД придонесоа вчера доларот да скокне во однос на еврото. 

Промовирани огласи »

Падот на економијата годинава ќе биде 4,9 oтсто. 

Европската комисија ја коригираше стапката на пад на бруто домашниот производ во Македонија.

Во пролет излегоа со прогноза која предвидуваше пад од -3,9 осто од БДП, а сега падот на БДП се проектира на -4,9 отсто. 

Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ.

За 2021 година се предвидува раст на БДП за 3,8 отсто, а за 2022 година 3,5 отсто.

ЕК предвидува дека невработеност во земјава ќе остане стабилна. 

Државниот долг најверојатно ќе надмине 50 отсто од БДП, и тој ќе порасне идната година. 

Поради пандемијата многу граѓани ги изгубија работните места. 

Деновиве од угостителскиот сектор најавија дека се можни затворања и откази. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »