Промовирани огласи »

Во Грција сигурно нема да се оди до крајот на месецов

Најнова одлука на грчките власти

Забраната за влез на државјани на трети земји во Грција за и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември.

Едната одлука се однесува на привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на ковид-19 на грчка територија“, јавува МИА од Атина.

Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Уругвај, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Другата одлука е привременото ограничување на сите копнени поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Промовирани огласи »

Наместо новогодишно украсување на Скопје да се купат лаптопи за учениците

Колку ќе се испочитува овој предлог?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира на распишувањето тендер за новогодишно украсување на Скопје и бара парите да се пренаменат за купување лаптопи за учениците.

„Во деновите кога градот Скопје е најпогоден град од корона заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава. Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди. Затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бараме прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно наставата.

Работата е најмалку дојдена до забава во време кога илјадници наши граѓани се борат за живот.

Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Промовирани огласи »

Законскиот рок одмина, ќе го исплати ли УЈП повратот од „Викенд без ДДВ“?

Помина безмалку еден месец, а требаше за 15 дена

Законот за ребаланс на буџетот стапи во сила уште минатата недела, но граѓаните се уште чекаат да им биде исплатен повратот од „Викенд без ДДВ“ на сметките.

Враќањето на целосниот износ на ДДВ законски требаше да се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, а овој проект од четвртиот сет на економски мерки се изведе за време на продолжениот викенд од 10 до 12 октомври. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими изминатиот викенд најави дека пари ќе добијат 204.088 граѓани од оваа недела, додека од Управата за јавни приходи велат дека образците за исплати веќе им се подготвени.

На граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема треба да им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки,.

За проектот „Викенд без ДДВ“ првично беа одредени 17 милиони евра, но според потрошеното, треба да им бидат исплатени 1,1 милиони евра, поточно 66.853.929 денари.

За купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема во деновите 10, 11 и 12 октомври вкупно 204.088 граѓани кои скенирале оствариле промет од 558.176. 715 денари.

Од Управата за јавни приходи информираа дека месецов практично на сметките на граѓаните ќе легнат 500 милиони денари - од редовниот поврат за претходните три месеци и од викендот без ДДВ. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

Биткоинот достигна 15 000 американски долари, првпат од јануари 2015 година

Цената на биткоинот за прв пат после пет години се искачи на 15.000 долари

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, се зголеми за околу 8%, а според сегашните податоци, за прв пат од јануари 2015 година достигна ниво од 15 000 американски долари.

Според порталот CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната цена на повеќе од 20 валути, биткоинот вреди 14.945 долари, пренесува Спутник.

На Бинанс, најголемата размена на криптовалути, биткоинот порасна за 7,95 проценти на 15.005 долари.

Тргувањето со биткоин претставува 65,1 процентi од глобалниот пазар на криптовалути.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »