Промовирани огласи »

Во летото, владата на Велика Британија објави дека на кинеската фирма треба да ѝ се забрани да биде дел од најчувствителните основни делови на мрежите во Велика Британија. И неодамна, владата им наложи на телекомуникациските оператори од наредниот септември да престанат со инсталирање на опремата Huawei во 5G мрежите во Велика Британија.

Но, во Европа, многу оператори сè уште зависат од Huawei за постојните 4G мрежи, а капацитетите за самостојно инсталирање на 5G мрежите во европските земји се многу мали. Покрај тоа, Huawei има тековни договори за снабдување со телекомуникациска опрема во многу европски земји.

Според најновите вести во Германија, сојузниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека општото исклучување на индивидуалните добавувачи е „помалку од оптимално решение“. Запрашан за довербата на Германија во кинеските даватели на телекомуникациска опрема како што е Huawei, тој рече дека довербата не зависи пред сѐ од земјата на потекло, туку од употребената технологија. Зехофер рече дека сега е воведена законска одредба што ќе им овозможи на властите да ја проверат довербата на соодветен начин. Слично на тоа, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави на интервју во ноември оваа година: „Нашите телекомуникациски оператори се европски компании. Нема грчки компании, а на крајот на денот тие ги донесуваат одлуките. Ние ќе го следиме патот на Европа, европскиот “мејнстрим“ за ова прашање “.

Во октомври, додека владата на Северна Македонија потпишуваше 5G меморандум со САД, премиерот Зоран Заев исто така изјави дека Република Северна Македонија, како кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, како и политиките за безбедносните аспекти на имплементацијата на 5G технологијата.

„Во моментов се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, а во согласност со стратегијата за развој на 5G мрежата, се планира до 2023 година голем град во земјата да биде опфатен со 5G мрежа. Со измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации, кои се однесуваат на мобилни мрежи и кои наскоро треба да бидат во собраниска процедура, ние ќе бидеме првата земја што ќе го усогласи своето законодавство од областа на сајбер безбедноста со препораките на Европската комисија и ќе го следиме текот на практики на земјите од ЕУ“, рече Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Промовирани огласи »

Владата на синоќешната седница, усвојувајќи ги измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението, ја соопшти и сумата што ќе се плати за вакцините против Ковид-19.

За вакцини, односно имунизацијата годинава ќе бидат потребни 467, 9 милиони денари, а од оваа сума 69,722 милиони денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19. Министерството за здравство преку COVAX Facility ќе набави 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.

Инаку Директорите на здравствените домови од цела држава за викендот биле на заедничка маса со министерот за здравство Венко Филипче. Клучна тема била вакцинацијата, во смисла чување и дистрибуција на вакцината против ковид-19, начинот на нејзина апликација, процесот на вакцинирање и како тоа ќе се закажува преку системот „Мој термин“.

На директорите на здравствените домови им било посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од ковид-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинирани и за нив вакцинацијата е високо препорачана, но не задолжителна. 

Вакцинацијата за ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинира, информираше Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека за вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство, Венко Филипче, во утринското гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител рече дека единствено дискутабилно за Нова Година во наредниот период ќе биде работното време на угостителските објекти за празничната вечер.

Сепак, според министерот воведувањето на полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи собирите се голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери.

Најави дека на еден од следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти во смисла на воведување дополнителна рестриктивна мерка.

Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но работното време на места на коишто може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците, изјави Филипче.

Промовирани огласи »

Доколку барате работа и оваа недела, ви ги претставуваме најактуелните огласи низ цела Македонија.

ТОЛЛАКС ДОО Скопје, компанија насочена кон малопродажба во тобако продавници има потреба од РАКОВОДИТЕЛ НА СУПЕРМАРКЕТ

Хрисо Сметководство, друштво регистрирано за сметководствени, консалтинг услуги и даночно советување е во потрага по нов СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Major LTD a Canadian outsourcing company that is dedicated to helping entrepreneurs find incredible talent around the world for their businesses is looking for a MYSQL PHP BACKEND DEVELOPER.

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Поради проширување на својот тим, има потреба од: 

АСИСТЕНТ ВО КОМЕРЦИЈА;

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ;

ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА;

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО .

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »