Промовирани огласи »

Министерот за здравство, Венко Филипче, во утринското гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител рече дека единствено дискутабилно за Нова Година во наредниот период ќе биде работното време на угостителските објекти за празничната вечер.

Сепак, според министерот воведувањето на полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи собирите се голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери.

Најави дека на еден од следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти во смисла на воведување дополнителна рестриктивна мерка.

Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но работното време на места на коишто може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците, изјави Филипче.

Промовирани огласи »

Доколку барате работа и оваа недела, ви ги претставуваме најактуелните огласи низ цела Македонија.

ТОЛЛАКС ДОО Скопје, компанија насочена кон малопродажба во тобако продавници има потреба од РАКОВОДИТЕЛ НА СУПЕРМАРКЕТ

Хрисо Сметководство, друштво регистрирано за сметководствени, консалтинг услуги и даночно советување е во потрага по нов СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Major LTD a Canadian outsourcing company that is dedicated to helping entrepreneurs find incredible talent around the world for their businesses is looking for a MYSQL PHP BACKEND DEVELOPER.

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Поради проширување на својот тим, има потреба од: 

АСИСТЕНТ ВО КОМЕРЦИЈА;

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ;

ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА;

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО .

Промовирани огласи »

Првиот вицепремиер Артан Груби откако Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност, вели дека откако ќе биде изгласан ќе следува план на распоредување на 1.200 кадри, а Министерството за информатичко општество и администрација ќе направи трансфер листа.

Овие луѓе воопшто не се виновни што биле вработени, а никој 10 години не ги земал да работат. Дузина министри, вицепремиери, градоначалници, директори се извртеа, секој си вработувал свои луѓе, овие останале. Со законот Владата на почеток ќе треба да усвои план за распоредување на овие околу 1.200 кадри каде што има празни места, а има потреба од вработување во 2021 година. Ќе се земат систематизациите на институциите, да се види каде фалат кадри. Во МИОА ќе се направи трансфер листа од овие вработени по Рамковниот договор. Институциите на кои им треба вработувања, ако звањето и квалификацијата на кадарот што го бараат го има на трансфер-листата, обврзувачко ќе биде од неа да вработи. Се разбира, ако се совпадне со местото на живеење на вработениот, зашто со сила никој никого не тера да се сели од еден во друг град, вели Груби за СДК.

Целта на овој закон е да се распоредат нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку оваа програма во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините, од градот Скопје, како и од акционерски друштва во државна сопственост.

Министерот за политички систем како предлагач на овој закон вели дека фалат кадри и со средно образование насекаде, а најмногу по шалтерите во МВР, во ПИОМ, Катастар, а со овој закон, вработените „По Рамковен“ доколку не им се допадне тоа што е мала почетна плата или слично, го губат трајно правото да се вработат по истиот.

Промовирани огласи »

За 100% ќе поскапат месечните карти за вработени за во катните гаражи со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Според новиот ценовник што треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје в среда, се предвидува цената за месечните паркинг карти во катните гаражи наместо 1.000 да биде 2.000 денари, дознава Република. 

Со новиот предлог-ценовник се предвидува и поскапување за по пет денари на сите паркинзие со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, како за зонските паркиралишта, така и за отворените со рампа.

Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари.

Причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата – соопштуваат од „Градски паркинг“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »