Промовирани огласи »

Горивата ќе имаат нови цени од полноќ. Одлуката денеска треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно последната одлука цените на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за половина денар.

Во исто време цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР  БС-98 се зголемија за 0,50 денари.

Промовирани огласи »

Урсула фон дер Лајен, претедателката на Европската комисија упати видео порака до сите граѓани на Европа по повод вакцинацијата која започнува.

Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и оти во исто време им се достапни на сите членки на ЕУ. Според неа, европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.

Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници, истакна фон дер Лајен.

Таа предупреди дека дотогаш сите мора да останат внимателни за да се заштитат себе си и другите. Ајде сите заедно да останеме безбедни и 2021 година да ја направиме година на европско закрепнување и надеж, рече фон дер Лајен.

Промовирани огласи »

За најавениот петти пакет мерки, на новинарско прашање одговараше премиерот Зоран Зев кој кажа дека наскоро следи процес на консултации.

Заев на новинарско прашање за најавениот петти пакет мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, одговори дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој подвлече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Премиерот потсети дека досега со економски мерки се подржани најпогодените од економската криза, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

„Една милијарда и сто и педесет милиони евра се поделени пари по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму. Им се помогна на категориите, активни баратели на работа, вработени со плата до 15.000 денари, младите, студентите кои добија ваучери, картички и слично.

Деновиве се дава помошта од 6.000 денари на трансакциските сметки на пензионерите со пензија до 15.000 денари, на пасивните баратели на работа, на самохраните родители. Се надеваме наскоро на вакцината и дека сето ова ќе заврши во првото тримесечје”, рече премиерот Заев и упати апел за навремено прифаќање на жалбите на самохраните родители и купување на домашни производи.

„Апелирам и до сите корисници на оваа помош, од пари, коишто се на сите нас граѓаните, да ги користат средствата за купување на домашни производи и услуги, заради тоа што со тоа на директен начин ја помагаат домашната економија”, рече премиерот Заев и заклучи дека државата преку Владата, Парламентот, Претседателот е тука за да им се најде на сите граѓани на кои им е потребна помош.

Промовирани огласи »

Секој кој досега бил на интервју за работа знае што треба да се направи за да се остави добар впечаток од самиот старт: да дојдете навреме, да бидете позитивни и насмеани и да се поздравите со цврст стисок.

Има и многу совети и препораки за тоа како треба да се однесувате низ интервјуто, како да одговарате на прашањата и кои прашања да ги поставите на потенцијалниот работодавец.

Но, она што ретко се сомнува е како да го завршите разговорот.

Сузи Велч, авторка на неколку од најпродаваните книги од областа на менаџментот, тврди дека последните неколку минути од интервјуто се клучни за тоа дали ќе ја добиете работата или не, секако, доколку работодавецот веќе ве гледа како еден од кандидатите што ќе влезат во потесен круг.

„Откако сте кажале сѐ што сте имале да кажете и личноста која ве интервјуирала ќе ви каже дека тоа е тоа, не си заминувајте со обично ‘благодарам на издвоеното време’ и да си заминете. Пред да излезете, самоуверено кажете ‘Навистина го сакам ова работно место’“, советува Велч.

Пред да помислите дека ваквата искреност звучи очајнички, Велч нагласува дека можноста за успех е поголема (и поважна) од самиот ризик. Оваа реченица има оромна моќ ако биде изговорена со самодоверба.

Експертите кои прават интервјуа велат дека овааа изјава покажува три ваши особини што ги бара речиси секој работодавец – искреност, храброст и скромност.

„Ваквата отвореност внесува освежувачка нота на искреност и секогаш ги допира луѓето на позитивен начин“, истакнува Велч. Цврстото искажување на сопствените желби покажува дека имате храброст.

„Оние кои ќе ја слушнат ваквата изјава знаат и колку е тешко да се каже тоа на глас. Знаат дека за тоа треба храброст и ќе ве запамтат“, вели таа. Менаџерите сакаат вработени кои покажуваат храброст, преку иницијативност или преку јасно изразување на мислењето.

Исто така, оваа отвореност покажува дека не сте премногу горделиви и дека сте свесни зошто сте таму. На оние кои одлучуваат им ставате до знаење дека знаете дека тие ја носат конечната одлука и покажувате почит.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »