Промовирани огласи »

Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата. Па, следниот пат кога ќе се најдете во долги редици на аеродромите, сетете се информациите од оваа објава. Времето ќе ви помине побрзо.

Црвена

Ова е највообичаената боја. Пасошите со ваква корица се најчест избор на земјите со историски или моментален комунистички систем. Граѓаните на Словенија, Србија, Русија, Латвија, Романија, Полска и Кина имаат црвени пасоши. Земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, исто така користат пасоши со боја на бургунди или различни нијанси на црвена. И земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, како што се нашата, Турција и Албанија, неодамна ги сменија пасошите во црвени. Андската заедница на земји: Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, исто така имаат пасоши со бургунди боја.

Сина

Ова е следната боја по вообичаеност. Сината боја на кориците го симболизира „новиот свет“. 15 карипски земји имаат сини пасоши. Во рамките на земјите од Јужноамериканскиот блок, синиот пасош ја симболизира врската со Меркосур – трговска унија. Ова ги вклучува Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела е исклучок бидејќи исто така припаѓа на унијата, но нејзините жители имаат црвени пасоши. Пасошите на американските граѓани беа променети во сини во 1976 година.

Зелена

Повеќето муслимански земји имаат зелени пасоши, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан. Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните од неколку западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Нигер и Сенегал, исто имаат документи за патување во различни нијанси на зелена. Во нивниот случај, бојата означува дека припаѓаат на Економската заедница на западноафрикански држави.

Црна

Најретките пасоши во светот имаат црна корица. Овие можете да ги забележите помеѓу граѓаните од некои африкански земји, меѓу кои Боцвана, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго, Малави и други. Граѓаните од Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши бидејќи ова е националната боја на нивната земја.

Промовирани огласи »

Совет до државите од Светската здравствена организација да не ги условуваат меѓународните патувања со доказ за вакцинација или имунитет. Ова беше речено на состанокот на Комитетот за итни случаи на СЗО составен од 19 независни експерти во годината кога бројот на жр тви на пандемија достигна два милиони и 90 милиони заразени.

Експертите дадоа низа препораки што беа прифатени од генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адана Геберјесус, и испратени до членките на Обединетите нации.

Во овој момент, не воведувајте обврска за докажување на вакцинација или имунитет за меѓународно патување бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефективноста на вакцината во намалувањето на преносот, а вакцините не се целосно достапни за секого. Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување на ризикот од инфекција за време на патувањето – соопшти Комитетот на СЗО.

Тие истакнаа дека во моментов постои голема разлика помеѓу земјите во однос на вакцинациите, тестирањата, карантинот и забраните за патување, што доведува до тоа светот да биде малку збунет и парализиран. Сметаат дека е важно да се развијат научно засновани и јасни упатства за тоа како да се олесни патувањето на најдобар начин и да се овозможи циркулација на луѓето на безбеден начин преку воздух, море или копно.

„Научните докази не се целосни, нема доволно вакцини и затоа не треба да создаваме непотребни ограничувања за патувања сега. Затоа, да се обидеме да го заштитиме просторот за патници и да осигуриме дека економиите не се целосно изолирани “, рече Мајк Рајан, главен експерт на WSZO.

Тие ги повикаа земјите да ги следат видовите на болеста, како што се идентификувани од Велика Британија и Јужна Африка, за соодветно да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови, пишува Ројтерс.

Промовирани огласи »

Уште една студија покажа дека коронавирусот ги „сака“ мажите повеќе отколку жените.

Мажите ќе имаат поголема веројатност да имаат позитивен тест на Ковид-19, поголема е веројатноста да развијат компликации и имаат поголеми шанси да умрат од новиот коронавирус отколку жените, без оглед на нивната возраст, покажа новата научна студија објавена во научното списание “PLOS one”.

Досега, помали кинески и европски студии покажаа дека мажите имаат поголем ризик од потешка форма на Ковид-19 отколку жените, но досега немаше сеопфатна анализа за поврзаноста помеѓу Ковид-19 и полот.

Новата студија спроведена од американски научници користела податоци од најголем давател на здравствена заштита во Хјустон, Тексас, за да се утврди врската помеѓу полот и Ковид-19 епидемиологијата.

Податоците од тестирањето на Ковид-19, морталитетот и демографијата се извлечени од електронската медицинска евиденција на 96.496 возрасни лица кои биле тестирани во периодот од 6 март до 22 август 2020 година.

Од тоа, вкупно, 15,5 проценти биле тестирани позитивно на новиот коронавирус. По прилагодувањето за социографските фактори и коморбидитети, се покажало дека мажите имаат поголема веројатност да бидат позитивни на тестирање за вирусот САРС-КоВ-2, со прилагоден коефициент (аОР) од 1,39.

Студијата покажала слични резултати кај пациентите на кои им требала интензивна нега во болницата. 34,1 процент од позитивните мажи завршиле на интензивна нега, наспроти сè уште помалите 27,6 проценти од жените.

Понатаму, 19 проценти од мажите завршиле на апарати за дишење, додека кај жените тоа бил случај од 14,7 проценти.

Конечно, смртноста кај хоспитализирани мажи била 11,6 проценти, а кај жените 8,3 проценти.

Авторите на студијата заклучуваат дека постои јасна и силна поврзаност помеѓу машкиот пол и подложност на вирусот САРС-КоВ-2, компликации во развојот на Ковид-19 болеста, како и полоша клиничка слика и изгледи за закрепнување.

Тие додаваат дека разбирањето зошто оваа болест различно влијае на половите, исто така значи и темелен чекор напред кон подобрен третман на болеста и стратегии за интервенција кај мажи и жени.

Промовирани огласи »

Откако учествувала во лечење на илјадници заболени од Ковид 19, хирургот Британи Бенкхед – Кендал од Тексас вели дека рендгенските снимки на бели дробови кај пушачите покажуваат одредени оштетувања, но оние кај пациентите кои се бореле со коронавирусот на снимките се потполно бели.

Промените кои се гледаат на снимките покажуваат на интензивни лузни и на фактот дека поголемиот дел од пациентите се бореле со недостаток на воздух.

Таа додава дека големиот број здравствени експерти се фокусирани на стапката на смртност, а малку од нив се занимаваат со последиците кои Ковид 19 ги остава кај заболените.

„Сите се толку загрижени околу смртноста и тоа е страшно. Ова за што јас говорам ќе биде голем проблем кај сите кои биле позитивни“, вели доктор Кендал.

Докторката предупредува дека секој пациент со симптоми на коронавирусот кој таа го лечела имал промени на белите дробови, па дури и оние кои немале никакви симптоми. Вели дека околу 70 до 80 проценти од пациентите имаат промени на белите дробови.

„Има луѓе кои велат: „Добро сум, немам никакви проблеми“, но кога ќе им ја погледнете РТГ снимката на градите, имаат сериозно лоша слика на белите дробови“, вели докторката која на медиумите им презентираше три различни снимки на бели дробови.

„Не знам кој треба ова да го слушне, но „пост – ковид“ бели дробови изгледаат полошо од бели дробови на било кој пушач“, ова во еден од своите твитови го споменува доктор Кендал.

РТГ снимка на здрав пациент покажува голема количина на црн простор, што значи дека лицето е во состојба да вдиши голема количина воздух. Од друга страна РТГ на пушач покажува бели линии и магловито замачкување што укажува на воспаление и оштетување на ѕидовите на белите дробови.  Снимка на белите дробови на лице кое прележало ковид 19 е потполно бела, како над нив да надвиснал бел облак.  Ваквите промени најчесто означуваат дека белите дробови се полни со течности и тоа покажува дека пациентот не е во состојба да внесе доволна количина кислород, што би било возможно доколку тој е здрав.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »