Промовирани огласи »

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата.

За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски за МИА, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Промовирани огласи »

„Фајзер“ ја заврши регистрацијата на деца на возраст од 12 до 15 години за студија за тестирање на вакцината против коронавирус.

Американскиот производител на лекови, всушност, сака да ја прошири употребата на вакцината меѓу различните возрасни групи.

Студијата, која беше најавена во октомври, вклучува повеќе од 2.000 учесници, се вели во соопштението на „Фајзер“, пренесува „Ројтерс“.

Децата ретко имаат сериозни симптоми на ковид-19, но, сепак, можат да го шират вирусот.

Минатиот месец, „Модерна“, исто така, започна студија за тестирање на вакцината кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.

Промовирани огласи »

Сè повеќе земји ја најавуаат својата енергетска стратегија, а и Јапонија не пропушти можнот да најави што ќе се случува во следните триесетина години.

Од 2035 година, се пласира забрана за класични бензинци и дизел возила. Во продажба ќе бидат само хибриди, електрични автомобили и возила на водород.

Јапонија од 2050 година планира СО2 да биде неутрален, а тоа значи дека тогаш во продажба нема да бидат ниту хибриди.

Воедно Јапонија очекува и големи енергетски вложувања. Околу 2030 година, ќе се вложат околу 700 милијарди долари годишно во зелена енергија, а до 2050 таа инвестиција ќе порасне на оолу 1,5 билиони годишно.

Промовирани огласи »

Во земјава има работници во повеќе сектори кои земаат минимални или за нијанска повисоки плати. 

Кои професии се најмалку платени може да се види од податоците на Државниот завод за статистика. Вработените во заштитни и истражни дејности  во ноември лани имале просечна плата од 15.249 денари. Потоа следуваат дејностите: производство на кожа и слични производи од кожа (16.644 денари), туристички агенции и туроператори (16.995 денари), подготовка на оброци и служење на храна (17.447 денари) и производство на облека (17.606 денари). 

Од друга страна, програмерите земаат највисоки плати, над 66.000 денари нето. 

За една година најголем пораст на платите бележи дејноста изнајмување и давање под закуп (лизинг), каде што во ноември таа изнесувала 46.790 денари. Станува збор за пораст од 59,1 отсто споредено месец ноември 2020 со ноември 2019.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен за ноември во 2020 година изнесувала 27.588 денари што е за 7 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2019 година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »