Промовирани огласи »

На едно логичко прашање кое голем број од светските компании им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервју за работа, ретко кој може да го даде вистинскиот одговор.

Сепак, еден кандидат успеа да го реши и го сподели своето искуство на социјалните мрежи. Самиот одговор на прашањето е во филмот “16 блокови“, а го дава лично актерот Брус Вилис од каде големите компании го преземале со цел да им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервјуто за вработување.

Неодамна ми поставија многу интересно прашање на разговор за работа и од тогаш размислувам за тоа. “Се возиш со автомобил при големо невреме. Поминуваш низ автобуската постројка и гледаш тројца луѓе како чекаат автобус. Првата личност е совршената девојка од твојот живот, другата е твој пријател кој неодамна ти го спасил животот и третата е осамена старица која изгледа дека е болна. Кога би имал само едно седиште во својот автомобил, на кого би му понудил да го одвезеш?“ – вели момчето кое на крајот ја добило работата.

Ајде да размислиме за ова прашање. Ова е класична морална дилема. Дали да и се помогне на старата баба бидејќи е во критична состојба? Дали би му обезбедиле превоз на вашиот пријател кој еднаш ви го спасил животот? Било кој од овие избори ти укажуваат дека ќе ја испуштиш жената на својот живот.

Младото момче кое одговорило точно на ова прашање е избрано помеѓу 200 пријавени кандидати за работа. Дали одговорот го измислил сам или пак го гледал филмот е се уште непознато.

Би му ги дал клучевите на мојот пријател да ја одвезе старата баба во болница, а јас би останал на автобуската станица да чекам автобус со жената од соништата. Неговиот одговор е најдобар доказ дека секогаш треба да размислуваме “надвор од кутијата“.

Промовирани огласи »

Oд утре почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на здравствена криза, информира Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Утре ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари.

Од МТСП соопштуваат дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат утре. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на болеста, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Од Министерството апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје и потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи во текот на следниот месец февруари ќе врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Оттаму информираат дека во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

„При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5. 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ. Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на е-ПДД, информира УЈП.

Промовирани огласи »

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата.

За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски за МИА, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »