Промовирани огласи »

Управата на Водоводот во јапонскиот град Кобе одржа прес конференција на која се извини поради тоа што нивен вработен отишол порано на пауза.

Поради три минути порано заминување на пауза на 64 годишен вработен , управата на Водоводот одржа прес конференција на која најпонизно им се извини на своите корисници. Вработениот доби јавен укор , како и парична казна , поради тоа што за последните седум месеци 26 пати порано одел на пауза за ручек. Неговиот ,,грев” го открил колега кој го пријавил за заминување на пауза три минути пред време и заминува во блискиот ресторан.

Паричната казна не била толку драстична , колку јавното извинување на прес конференција , кога сите шефови заедно најпонизно им се извиниле на граѓаните на Кобе. На социјалните мрежи ваквата постапка беше осудена со поддршка за вработениот .

Промовирани огласи »

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на празникот 8 Mарт од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш.

Платформата за родова еднаквост секоја година на 8-ми март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ . Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи преку унапредување на работата на клучните институции.

Маршот ќе се одржи на 8 Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.

Промовирани огласи »

Учебната година ќе заврши како и што почна, односно со онлајн учење. Учениците нема да се вратат во училишните клупи се до крајот на оваа година.

Учениците од прво до трето оддление имаат право да одберат дали наставата ќе ја следат со физичко присуство или пак онлајн, додека останатите ученици во основно и средно училиште наставата ќе ја следат онлајн.

Министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека фокусот е ставен на последните месеци од актуелната, а дополнително ќе се разговара и за тоа како ќе се одвива следната учебна година.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи се уште исплаќа пари од повратот на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за граѓаните кои скенирале сметки за последните три месеци од минатата година. Иако исплатата почна на почетокот на февруари има граѓани кои не го добиле повратот за МојДДВ реагираат дека доцнењето овој пат е речиси еден месец и прашуваат дали има некаков проблем. Додека од Управата за јавни приходи велат дека парите ќе бидат исплатени, потврдуваат дека еден налог за поврат е реализиран два пати, па меѓу 3.000 и 4.000 граѓани два пати на своите сметки имале уплати за последното тромесечје во 2020 година.

„Прв пат се случува толку да ни доцни исплатата на повратот на ДДВ. Помина месец од кога почна, а немаат добиено неколкумина мои блиски, вели З.П. од Скопје.

Од УЈП за Фактор потврдуваат дека еден налог не е реализиран, но дека процесот не е запрен и цело време има исплати и уверуваат дека деновиве парите ќе им легнат на сметките на овие граѓани кои скенирале сметки.

Додека трае ова, граѓаните кои добиле пари два пати ќе бидат контактирани на електронската пошта и парите кои по грешка им биле исплатени ќе мора да ги вратат. Ако не го сторат тоа, тие нема да добијат поврат за скенираните сметки во следните месеци односно прво за трите месеци годинава.

Инаку во октомври, ноември и декември лани скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346 денари, а на граѓаните требаше да им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

Лимитот изнесува 1.800 денари за едно тромесечје, односно 600 денари месечно или 7.200 годишно за едно лице. Доколку се надмине лимитот од 600 денари месечно за едно лице, остатокот од сумата се пренесува во наредниот месец, но само во тромесечјето.

Проектот МоЈДДВ  Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година.

Извор Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »