Промовирани огласи »

Позитивната низа на биткоинот вчера „се протегаше“ седми ден по ред. Некои аналитичари очекуваат биткоинот за прв пат да го сруши нивото од 60 000 американски долари.

Најпопуларната криптовалута вчера вредеше повеќе од 56.840 долари, а со тоа се приближи многу близу до рекордната вредност од 58.332 долари.

Овој пат, инвеститорите вложуваат во биткоин првенствено за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина, и покрај фактот дека сè уште нема причина за прекумерна загриженост за зголемување на цените.

За растот на биткоинот секако допринесоа охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на Голдман Сакс за најпопуларната криптовалута.

Во очите на инвеститорите, тоа е дигитално злато, заштита од сите ексцеси кое неизбежно ќе предизвика диво печатење пари насочено од централните банки, тоа е, пред сè, висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот значително ја зголеми проценката на стапката на инфлација за еврозоната оваа година и објави побрзо темпо на купување на средства следниот квартал за да обезбеди поволни услови за финансирање на економијата.

Оваа година, ЕЦБ очекува инфлација од 1,5 процент, во споредба со 1,0 проценти предвидени во извештајот од декември 2020 година.

Потсетувајќи дека инфлацијата во еврозоната беше 0,9 проценти во јануари и февруари, по минус 0,3 проценти во последниот месец од минатата година, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард го препиша забрзаниот раст на цените на почетокот на годината на привремени фактори и повисоки цени на енергијата.

Промовирани огласи »

Централниот регистар го продолжи рокот за електронско поднесување на годишна сметка до 25 март гоиднава. 

Одлуката се носи по пристигнати барања до Регистарот и Владата за пролонгирање на рокот. 

Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови, соопштија од Владата.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчера над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Имаат отворено 6 работни позиции:

ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА КУМАНОВО

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

ОПЕРАТОР ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

ОФИС МЕНАЏЕР - СКОПЈЕ

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА КИЧЕВО

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА СТРУМИЦА

Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Нивна цел е да понудат комплетни решенија за раководење со човечките ресурси, преку кои компаниите ќе добијат максимум резултати со минимум инвестиција. Нивните примарни услуги во вработувањето ги покриваат потребите на компаниите за Времени Вработувања или Посредување при Вработување. Преку внимателна проценка на барањата на компаниите и регрутацијата според утврдени стандарди, ви помагаат да ги идентификувате вистинските кандидати и да заштедите време и ресурси.

Имаат отворено 6 работни позиции:

ОПЕРАТОР ЗА ПРОИЗВОДТСТВО НА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ

HUMAN RESOURCES MANAGER

MARKETING MANAGER

ИСПИТАНИЦИ (РЕОН СКОПЈЕ)

ПРОФЕСИОНАЛЕН АГЕНТ НА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

NYSK Holdings е прва македонска лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели во создадена во февруари 2017 година. За време на нивниот  развој во изминатите 4 години, ги постигнаа сите цели наведени во нивната апликација за добивање на прва лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

Имаат отворено 2 работни позиции:

ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект. Нудат професионални услуги, имаат високо обучен кадар и користат иновативна технологија. ФМС, исто така, претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имаат отворено 4 работни позиции:

КНИГОВОДИТЕЛ - СМЕТКОВОДИТЕЛ

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

МЕНАЏЕР НА ПРОИЗВОДСТВО

FRONTEND DEVELOPER (M/F/D)

 Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Промовирани огласи »

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, денеска на промоција на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 рече дека се разгледува можноста трговските центри да продолжат да работат во недела, но да плаќаат поголем данок и поголеми дневници за вработените.

Три месеци ние како Влада разговараме, оваа дебата е навистина суштинска. Вклучени се и коморите и во текот на расправата произлегоа други размислувања и кога носите некоја мерка и проекција, вие мора да се соочите и со бројките и со реалноста. Разговарамме и со колегите министри и за работењето на трговските центри

Анализите покажуваат дека 50 проценти од својот промет трговските центри го обавуваат во недела, тоа се серизони бројки и придонес во целокупната економија и во шопинг-туризмот. Секако ќе биде построго дефинирано работното време и со дополнителни критериуми во драфт-верзијата како обврски на сопствениците на продавниците за дополнителен данок за државната каса и дополнителен придонес кон работниците, реше Шахпаска.

Владата веќе подолго време најавува измени во Законот за работни односи, со кои одредени дејности нема да работат во недела, односно да работат само оние сектори кои се неопходни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »