НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР (2 извршители)
Квалификации:
- Висока стручна спрема – ВСС од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија, управување со трошоци),
- Познавање МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување),
- Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар,
- Одлично познавање деловен англиски јазик,
- Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point),
- Искуството во работа во ЅАР-оперативен систем ќе се смета за предност, но не е неопходно.
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим.
Краток опис на основните одговорности:
- Изготвување точни и навремени месечни, квартални и годишни финансиски извештаи на компанијата за потребите на корпорациското известување,
- Планирање годишни, квартални и месечни буџети по конта и трошковни места,
- Финансиско контролирање и анализа на перформансите на компанијата, прави споредби, извештаи и анализа,
- Следи и ги почитува политиките и процедурите на компанијата,
- Активно работи на назначени проекти, меѓусекторски иницијативи и задачи.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа дневно.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на оваа апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Аплицирање:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на неговото објавување.