За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »Приватната агенција ESI (Employment Services International) за потребите на Триглав пензиско друштво АД Скопје, чија основна дејност се состои во управување со пензиски фондови, за потребите на своето работење објавува оглас за работната позиција
Професионален агент на пензиско друштво
Општи услови за кандидатот
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Активно да го користи македонскиот јазик;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- Високо образование; или
- Средно образование, доколку кандидатот поседува продажно искуство;
- Кандидатот да положи стручен испит за агенти на пензиски друштва;
- Со или без работно искуство во струката.
Работни компетенции
- Познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Опис на работните задачи
- Работи на подготовка и склучување на договори за членство во задолжителен пензиски фонд и доброволен пензиски фонд;
- Поднесување на периодични извештаи до непосредниот раководител.
Распоред на работното време
- Работни часови неделно: 40
- Опис за работното време: почеток на работното време помеѓу 08:00 и 08:30 часот и завршеток помеѓу 16:00 и 16:30 часот
- Место на работа: според место на живеење
- Основна нето плата: 15.000 денари
- Додаток за работна успешност: 10.000 – 30.000 денари месечно
Постапка за селекција на пријавените кандидати
- Фаза 1 - Административна селекција (проверка на веродостојност на доставената документација, интервју и проектна задача) - се спроведува во рок до 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
- Фаза 2 – Испит за агенти на пензиски друштва. Испитот се спроведува во рокови кои се утврдени од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
- Фаза 3 – Финална селекција и склучување на договор - се спроведува во рок од 30 дена од завршување на фазата 2.
Потребна документација:
- Пријава по образец за полагање на испитот за агенти
- Потврда во оригинал од Централен регистар на РСМ дека за лицето не е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
- Фотокопија од државјанство
- Фотокопија од Диплома или Уверение за завршено образование
- Фотокопија од лична карта
Краен рок за пријавување: 22.03.2021 година
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] .
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »