OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни.
„Work for yourself, not by yourself“ е мотото на OpenSpace, новиот социјално инклузивен co-working простор во Скопје, со својата локација на Бихаќка 3 (на самиот агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо). ОpenSpace со својот уникатен внатрешен дизајн со дела од млади и урбани уметници, и со својата уникатната, дефинитивно нема да ве остави рамнодушни, а на нашите стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето.
- Една од нашите цели е да понудиме алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери, кои се во потрага по релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе ги направи да се чувствуваат како дома. Воедно, овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија. Токму затоа, OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија - велат одговорните.
OpenSpace се разликува од постоечките co-working простори во Скопје, со тоа што е единствено социјално инклузивно co-working катче, кое покрај тоа што ги спојува младите претпримачи и фриленсери, им овозможува да бидат општествено одговорни, и да допринесат при креирањето на успешни приказни на младите луѓе кои се од социјално загрозени групи. Овој простор нуди програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи, и кои никогаш ја немале можноста за професионален ангажман поради своите недостатоци, а имаат талент и огромна желба за напредок. Со овој пристап, OpenSpace сака да придонесе при создавање на општествено одговорни компании во Македонија, кои ќе се погрижат за развој на одржливо општество.
- OpenSpace има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, и по студените библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на нашиот простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе. Истовремено, посетувајќи го нашиот простор можеби ќе ја најдат првата работа или пракса - велат од Open space.