Промовирани огласи »

Да се ​​биде успешен претприемач овие денови може да значи многу работи, но најмногу бара висок степен на амбиција и позитивен резултат. Бидејќи сè повеќе жени добиваат сила и храброст за реализација на сопствените идеи за бизнис, тие стануваат сериозен дел од нашето општество. Нивниот успех не само што произлегува од амбициозноста, напорната работа и инспирацијата, туку потекнува и од нивната способност да се борат да ја преживеат секоја „бура“ во процесот и да не прифаќаат НЕ за одговор.

Сите можеме да учиме од примерот на овие жени.

Затоа тимот на KARIERA.mk одлучи да ја започне оваа кампања за поддршка на жените - претприемачи (основачи ) со тоа што ќе ги понуди своите услуги на сите заинтересирани жени - претприемачи за промоција на нивните компании преку промотивни приказни, интервјуа и споделување на успешни приказни на вработените, социјални медиуми со над 500 000 фанови, како и за бесплатно огласување за новоотворени работни позиции со цел да се овозможи наоѓање квалитетен кадар кој дополнително ќе го зацврсти успехот на нивните компании.

KARIERA.mk е онлајн мрежа за вработување од 700 000 луѓе и претставува сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој е резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 15 годишно искуство во HR и IT индустријата.

Услугите што тимот на KARIERA.mk ги нуди се следните:

1. Банер (реклама) 300 х 250 

2. Промотивна приказна со 2 до 3 слики која ќе биде објавена на нашите канали за промоција 

3. Објавување оглас,  доколку не сте го направиле досега, треба да креирате профил на компанијата на нашиот сајт и самостојно да го внесете огласот по што ние веднаш ќе го активираме. Огласот ќе биде исто така пуштен на сите наши канали за промоција на огласите.

Оваа кампања е веќе поддржана од Сојуз на Стопански КомориЗдружение на Бизнис Жени, МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологииWomenpreneurs StoriesWomen in TechМакедонија2025NewMan's Business Accelerator, Праксис и AmCham. Очекуваме оваа листа на поддржувачи да се зголеми доста во периодот додека трае кампањата. 

Сите кои се заинтересирани да бидат дел од оваа кампања можат да ни пратат барање на [email protected].

Промовирани огласи »

Секој бизнис што не промовира средина на заемно почитување, едноставно ќе има постојан обрт на вработените. Постојан недостаток на ценење и заемна почит сигурно ќе го држи вашиот тим за човечки ресурси зафатен со управување на постојани нови вработувања и откази поради незадоволство. Гласините веднаш ќе се рашират, како и секогаш, и ќе му нанесат сериозна штета на угледот на вашата фирма.

Внимателно изберете ги вашите зборови

Забележете ги вашите вработени кога прават работи како што треба. Фалете ги раскошно пред сите, а критикувајте ги ретко насамо. Обидете се да не претерувате од и со двете страни на оваа равенка, но немојте да бидете бавни во споделувањето на добро одработен бонус.

Поставете пример за тоа како изгледа да имате позитивно расположение и покажете благодарност за добро завршената работа. Водејќи на овој начин, ги стимулирате и другите да споделуваат пофални зборови и охрабрувања.

Конструктивната критика е често неопходна за раст и подобрување, но преголема количина од тоа може да биде заморна. Исто така, ќе сакате да бидете внимателни во случај на какви било знаци на микроуправување во вашиот стил на водење. Микро менаџерите испраќаат тивка порака дека не им веруваат на своите вработени, дури и ако добро мислат.

Со зголемувањето на работата на далечина, вашите можности за разговор со вработените ќе бидат поограничени, па искористете ги шансите што ви се даваат. Фокусирајте се на пофалбите на вработените за време на виртуелните состаноци и користете ги каналите за комуникација преку Интернет за да испраќате позитивни пораки еднаш од време на време.

Одолејте на сите форми на исклучување

Внимавајте на „клановите“што се формираат на вашето работно место. Кога вработените ќе започнат да се одделуваат врз основа на описот на работното место, стажот или кој било друг критериум, тоа може брзо да доведе до ерозија на довербата. Доколку се појави раздор меѓу две вкоренети пријателски групи, елиминирањето на неговите деструктивни ефекти ќе оди многу потешко.

Доколку е соодветно на вашиот начин на функционирање, размислете да одржувате кратки, неформални утрински состаноци за да ја подобрите комуникацијата. Интелигентната употреба на софтвер за управување со проекти, исто така, може да им помогне на вработените да добијат подобро разбирање за тоа како секој член на тимот придонесува за заедничка цел. Што и да можете да направите за да ги разбиете „клановите“, ќе помогне во негувањето на меѓусебното почитување.

Друг временски тестиран механизам за промовирање на меѓучовечките односи на вработените низ работни групи е да се биде домаќин на повремени активности за вашиот тим надвор од редовното работно време. Овие настани најдобро функционираат кога се организираат по избор и се забавни. Без разлика дали станува збор за оброк, спортски настан или вечер на игри, идејата е да овозможите настан од интерактивен карактер на кој луѓето навистина сакаат да присуствуваат.

Бидете Транспарентни

Негувањето атмосфера на почит нужно вклучува и нагласување на транспарентноста. Лично, дигурно ви е тешко да почитувате некој што чува многу тајни, а истата динамика е во игра и на макро ниво на работното место. Со промовирање на отвореност и јасна комуникација, заработувате почит демонстрирајќи доверба.

Започнете со тоа што ќе ги направите информациите за компанијата подостапни за вработените. Секој треба да знае каде да бара кога им требаат детали за конкретен проект или иницијатива на компанијата. Подобрениот пристап до информации ги прави вработените да се чувствуваат почитувани затоа што им овозможува да бидат поавтономни, да работат без микроуправување и да преземат сопственост врз нивните перформанси.

Кога давате приоритет на почитта како вредност на компанијата, можеби ќе бидете изненадени од тоа колку брзо вашиот тим станува посилен и се подобруваат вкупните перформанси. Вработените кои се чувствуваат почитувани, најверојатно ќе им го пренесат тоа на другите и помалку ќе се впуштат во негативно интеракции.

 

Промовирани огласи »

Градот Скопје во вторник (20.04.2021 година) ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2021 година или до реализирање на средствата во износ од 1 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018, 2019 и 2020 година, кога беа доделени околу 1000 субвенции.

Промовирани огласи »

Германскиот деловен портал „Gehalt.de“ ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија во 2019 година, пренесува Anadolu Agency.

Највисоки плати во земјата имаат поискусните лекари кои заработуваат околу 115.320 евра годишно бруто, експерти за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, директори на фондови 83.640 и доктори специјалисти со 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се и менаџерите за финансиско сметководство, регионалните менаџери за продажба и статистичарите. Од друга страна, најниско платени се работниците во кујна чија годишна бруто-плата е околу 21.907 евра, фризерите 23.202 евра, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол-центрите 25.200 и рецепционерите со годишна плата од 25.370 евра.

Меѓу најниско платените работници во Германија се и касиерите, готвачите, стоматолошки асистенти, медицинските сестри и возачите.

Според порталот Gehalt.de, работниците во јужна Германија добиваат значително повисоки плати од остатокот од земјата, а највисоките плати оваа година се забележани во државата Хесен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »