Промовирани огласи »

Градот Скопје во вторник (20.04.2021 година) ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2021 година или до реализирање на средствата во износ од 1 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018, 2019 и 2020 година, кога беа доделени околу 1000 субвенции.

Промовирани огласи »

Германскиот деловен портал „Gehalt.de“ ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија во 2019 година, пренесува Anadolu Agency.

Највисоки плати во земјата имаат поискусните лекари кои заработуваат околу 115.320 евра годишно бруто, експерти за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, директори на фондови 83.640 и доктори специјалисти со 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се и менаџерите за финансиско сметководство, регионалните менаџери за продажба и статистичарите. Од друга страна, најниско платени се работниците во кујна чија годишна бруто-плата е околу 21.907 евра, фризерите 23.202 евра, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол-центрите 25.200 и рецепционерите со годишна плата од 25.370 евра.

Меѓу најниско платените работници во Германија се и касиерите, готвачите, стоматолошки асистенти, медицинските сестри и возачите.

Според порталот Gehalt.de, работниците во јужна Германија добиваат значително повисоки плати од остатокот од земјата, а највисоките плати оваа година се забележани во државата Хесен.

Промовирани огласи »

Од Основниот граѓански суд Скопје наведуваат дека од донесувањето на Законот за мобинг до 15 април годинава примени и оформени се вкупно 77 предмети. Од нив, решени се 57 предмети, а останатите се во процедура.

Триесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување.

Од ССМ за МИА изјавија дека најчесто се работи за психичко вознемирување кое било поврзано со навредување, заканување, застрашување, вознемирување по завршување на работното време, деградирање на работникот со злоупотреба на службените овластувања.

Најчесто се пријавува мобинг од раководно лице, а поретко од колешка или колега на исто ниво. Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работното место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчесто се случува во средини кадешто работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, велат од ССМ.

Во три случаи се подготвени тужби, а во еден е водена и судска постапка која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се спогодбено надминати по пат на разговор и советување со учество и посредништво на синдикалните претставници на ССМ.

Според податоците од ССМ, во 2013 година имало осум пријави за мобинг, во 2014 година седум, во 2015 година три, а во 2016 година едно обраќање. Во 2017 и 2018 година до ССМ немало обраќања по основ на вознемирување на работното место, а во 2019 година е евидентирано едно обраќање.

Од донесувањето на Законот за мобинг, судски решени 57 предмети.

Дел од пријавите за психичко вознемирување на работното место се решаваат со обраќања до лицето кое го врши мобингот, но за дел се водат и судски постапки.

Во Сојузот на синдикати на Македонија има правна служба која им помага на работниците кои ќе се обратат околу постапката за решавање на пријавениот мобинг. Оттаму истакнуваат дека нивните правни служби даваат совети и упатства, а во одредени случаи биле подготвени и обраќања до работодавачот или до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето.

Од Основниот граѓански суд Скопје, во информацијата што МИА ја побара, наведуваат дека од донесувањето на Законот за мобинг до 15 април годинава примени и оформени се вкупно 77 предмети. Од нив, решени се 57 предмети, а останатите се во процедура.

Ве известуваме дека од донесувањето и примената на Законот за мобинг до 15.04.2021 година во судот во Одделот за работни односи вкупно примени се и оформени 77 предмети. Воедно во истиот период решени се 57 предмети, а останатите се во работа, се вели во информацијата од Судот.

Законот за мобинг беше донесен во 2013 година на иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија. Оваа година, како што посочуваат од ССМ, во соработка со Министерството за труд и социјална политика се организира дебата за Законот за заштита од вознемирување на работното место и проблемите во врска со неговата имплементација.

Она што Синдикатот смета дека треба да се смени во постоечкото законско решение е прецизирањето на видовите на вознемирување на работно место, регулирањето на постапката и сите прашања во врска со спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работно место во компаниите да се уреди со колективен договор.

Синдикатот предлага и секое негативно однесување кое претставува повреда на достоинството, угледот и честа, да се третира како психичко вознемирување, односно да се изостави условот на повеќекратно повторување и континуирано и систематски вршење на вознемирувањето.

Последиците од психичкото вознемирување честопати се премногу сериозни за животот и здравјето на лицата врз кои тоа вознемирување е извршено и само еднаш, посочуваат од ССМ.

Предлагаат и работодавачот до кого е поднесено барањето за заштита од вознемирување на работно место пред отпочнување на постапката за заштита, задолжително да го извести синдикатот во кој работникот членува.

Ова се првични забелешки на ССМ. По доставување на драфт верзијата на измените и дополнувањата на Законот, ќе доставиме конкретни забелешки, мислења и предлози, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Кога мислиме на најбогатите луѓе во Америка, честопати мислиме на имиња како Илон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс. Но, често најбогатите семејства во Америка се оние кои имаат подолго наследство, а понекогаш и подлабоки џебови.

50-те најбогати семејства во земјата поседуваат богатство од 1,2 трилиони долари. Ова ги надминува границите на самите поединци во семејството и наместо тоа го мери богатството на повеќе-генерациските или пошироките семејства.

Визуелизацијата, која ги користи најновите податоци на Форбс, ги открива најбогатите семејства во Америка и компаниите кои им помогнале да заработат милијарди.

Топ 10 најбогати семејства во САД:

  • Семејството Волтон – 247 милијарди – Walmart
  • Кох Семејство – 100 милијарди – Кох Индустрии
  • Марс Семејство – 94 милијарди – Марс Inc.
  • Семејство Каргил-Мекмилан – 47 милијарди – Cargill Inc.
  • Семејство Лаудер – 40 милијарди – Ести Лаудер
  • Семејство Џонсон – 37 милијарди SC Џонсон
  • Семејство Едвард Џонсон – 36,0 милијарди – Фиделити
  • Кокс Семејство – 34.5 милијарди – Кокс Ентерпрајси
  • Семејство Прицкер – 32.5 милијарди – Хајат Хотели
  • Њухаус семејство – 30,0 милијарди – Конде Наст
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »