Промовирани огласи »

Од Основниот граѓански суд Скопје наведуваат дека од донесувањето на Законот за мобинг до 15 април годинава примени и оформени се вкупно 77 предмети. Од нив, решени се 57 предмети, а останатите се во процедура.

Триесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување.

Од ССМ за МИА изјавија дека најчесто се работи за психичко вознемирување кое било поврзано со навредување, заканување, застрашување, вознемирување по завршување на работното време, деградирање на работникот со злоупотреба на службените овластувања.

Најчесто се пријавува мобинг од раководно лице, а поретко од колешка или колега на исто ниво. Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работното место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчесто се случува во средини кадешто работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, велат од ССМ.

Во три случаи се подготвени тужби, а во еден е водена и судска постапка која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се спогодбено надминати по пат на разговор и советување со учество и посредништво на синдикалните претставници на ССМ.

Според податоците од ССМ, во 2013 година имало осум пријави за мобинг, во 2014 година седум, во 2015 година три, а во 2016 година едно обраќање. Во 2017 и 2018 година до ССМ немало обраќања по основ на вознемирување на работното место, а во 2019 година е евидентирано едно обраќање.

Од донесувањето на Законот за мобинг, судски решени 57 предмети.

Дел од пријавите за психичко вознемирување на работното место се решаваат со обраќања до лицето кое го врши мобингот, но за дел се водат и судски постапки.

Во Сојузот на синдикати на Македонија има правна служба која им помага на работниците кои ќе се обратат околу постапката за решавање на пријавениот мобинг. Оттаму истакнуваат дека нивните правни служби даваат совети и упатства, а во одредени случаи биле подготвени и обраќања до работодавачот или до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето.

Од Основниот граѓански суд Скопје, во информацијата што МИА ја побара, наведуваат дека од донесувањето на Законот за мобинг до 15 април годинава примени и оформени се вкупно 77 предмети. Од нив, решени се 57 предмети, а останатите се во процедура.

Ве известуваме дека од донесувањето и примената на Законот за мобинг до 15.04.2021 година во судот во Одделот за работни односи вкупно примени се и оформени 77 предмети. Воедно во истиот период решени се 57 предмети, а останатите се во работа, се вели во информацијата од Судот.

Законот за мобинг беше донесен во 2013 година на иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија. Оваа година, како што посочуваат од ССМ, во соработка со Министерството за труд и социјална политика се организира дебата за Законот за заштита од вознемирување на работното место и проблемите во врска со неговата имплементација.

Она што Синдикатот смета дека треба да се смени во постоечкото законско решение е прецизирањето на видовите на вознемирување на работно место, регулирањето на постапката и сите прашања во врска со спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работно место во компаниите да се уреди со колективен договор.

Синдикатот предлага и секое негативно однесување кое претставува повреда на достоинството, угледот и честа, да се третира како психичко вознемирување, односно да се изостави условот на повеќекратно повторување и континуирано и систематски вршење на вознемирувањето.

Последиците од психичкото вознемирување честопати се премногу сериозни за животот и здравјето на лицата врз кои тоа вознемирување е извршено и само еднаш, посочуваат од ССМ.

Предлагаат и работодавачот до кого е поднесено барањето за заштита од вознемирување на работно место пред отпочнување на постапката за заштита, задолжително да го извести синдикатот во кој работникот членува.

Ова се првични забелешки на ССМ. По доставување на драфт верзијата на измените и дополнувањата на Законот, ќе доставиме конкретни забелешки, мислења и предлози, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Кога мислиме на најбогатите луѓе во Америка, честопати мислиме на имиња како Илон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс. Но, често најбогатите семејства во Америка се оние кои имаат подолго наследство, а понекогаш и подлабоки џебови.

50-те најбогати семејства во земјата поседуваат богатство од 1,2 трилиони долари. Ова ги надминува границите на самите поединци во семејството и наместо тоа го мери богатството на повеќе-генерациските или пошироките семејства.

Визуелизацијата, која ги користи најновите податоци на Форбс, ги открива најбогатите семејства во Америка и компаниите кои им помогнале да заработат милијарди.

Топ 10 најбогати семејства во САД:

  • Семејството Волтон – 247 милијарди – Walmart
  • Кох Семејство – 100 милијарди – Кох Индустрии
  • Марс Семејство – 94 милијарди – Марс Inc.
  • Семејство Каргил-Мекмилан – 47 милијарди – Cargill Inc.
  • Семејство Лаудер – 40 милијарди – Ести Лаудер
  • Семејство Џонсон – 37 милијарди SC Џонсон
  • Семејство Едвард Џонсон – 36,0 милијарди – Фиделити
  • Кокс Семејство – 34.5 милијарди – Кокс Ентерпрајси
  • Семејство Прицкер – 32.5 милијарди – Хајат Хотели
  • Њухаус семејство – 30,0 милијарди – Конде Наст

Промовирани огласи »

Во последните два месеци цената на сончогледовото масло се зголеми за околу 30 проценти, брашното за 10 до 20 проценти, и добиточната храна за 20 до 30 проценти, додека има најави за зголемување на цените на месото и млечните производи заради зголемувањето на трошоците во регионот. и светот.

Порастот на цените на маслото, брашното и добиточната храна, што може да се рефлектира во повисоките цени на месото, млекото и јајцата, се должеше на зголемената светска побарувачка и намаленото производство на сончогледи, житарици и соја.

Високите цени на основните прехранбени производи може да се одржат до следната жетва, а какви ќе бидат потоа ќе зависи од количината на родот и побарувачката, велат од најголемата регионална берза на житни култури во Нови Сад. Цените се зголемуваат на целиот евроазиски и светски пазар.

Она што со сигурност може да доведе до пад на цената на сончогледовото масло е стабилизирање на светскиот пазар, а пред се во форма на поголемо производство. Повеќе за тоа ќе знаеме во август, кога започнува жетвата на ова маслодајно семе

Забележано преку бројки, кај најголемите производители на сончоглед има пад на производството (Аргентина, Русија, Турција, Украина и ЕУ), што резултираше минатогодишното светско производство да падне на 49,6 милиони тони од 54,6 милиони тони. Големата побарувачка за соја и падот на светските берзи, заедно со притисокот создаден од големите инвестициски фондови на берзата придонесоа за скок на цената на сојата. 

Таа наведува дека на пазарот влијаат многу фактори, дека е непредвидлив и дека не е можно со сигурност да се предвидат движењата на цените во иднина. Цените на пченката и маслодајното семе се веќе на исклучително високо ниво.

Русија, еден од најголемите светски производители, ќе воведе извозни давачки за сончогледово масло од 1 септември, додека од 1 јули ќе ги зголеми тарифите за извоз на жито од сончоглед.

  

Промовирани огласи »

На електронската платформа е-ПДД е поставена нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, соопшти Управата за јавни приходи.

Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД има можност во новото прозорче „Мој ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните, се вели во соопштението до медиумите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »