Биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари од пазарната вредност на крипто валути.
Токму кога помисливме дека крипто-валутите се движат исклучиво нагоре и немаа намера да „забават“, падот на биткоинот и другите дигитални валути потсетија зошто ги сметаме за ризични средства.
Имено, најпопуларната крипто-монета моментално вреди околу 49.280 долари, што е за десет отсто пониско од вчера. Инаку за потсетување, на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари.
Ethereum падна на 2.202,05 долари, или повеќе од 11 проценти. XRP, петтата најголема крипто валута во светот, падна за повеќе од 22 проценти, покажуваат податоците на веб-страницата за следење на цените на CoinMarketCap.
Засега, причината за оваа масовна продажба не е јасна, но познато е дека крипто-валутите се предмет на екстремни промени во цената.