Промовирани огласи »

Американскиот произведувач на електрични автомобили Тесла најави дека неговата нова фабрика во близина на Берлин ќе вработува 12.000 работници кога ќе продаботи со полн капацитет.

Од компанијата велат дека теоретски со проширување на капацитетите оваа фабрика би можела да вработува и до 40.000 работници.

Производството на електрични автомобили во Гринхајде ќе започне во Јули. Погонот е сметен во шумско подрачје покрај езеро, на околу 30 километри од центарот на Берлин, а ќе произведува 500 илјади возила годишно.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск сака на таа локација да ја изгради и најголемата светска фабрика за батерии и со тоа додатно да го зголеми вложувањето кое според гласините во индустриските кругови достигнува милијарда евра, пишува агенцијата ДПА.

Промовирани огласи »

Биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари од пазарната вредност на крипто валути.

Токму кога помисливме дека крипто-валутите се движат исклучиво нагоре и немаа намера да „забават“, падот на биткоинот и другите дигитални валути потсетија зошто ги сметаме за ризични средства.

Имено, најпопуларната крипто-монета моментално вреди околу 49.280 долари, што е за десет отсто пониско од вчера. Инаку за потсетување, на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари.

Ethereum падна на 2.202,05 долари, или повеќе од 11 проценти. XRP, петтата најголема крипто валута во светот, падна за повеќе од 22 проценти, покажуваат податоците на веб-страницата за следење на цените на CoinMarketCap.

Засега, причината за оваа масовна продажба не е јасна, но познато е дека крипто-валутите се предмет на екстремни промени во цената.

Промовирани огласи »

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозможува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на нивните клиенти.

Имаат отворено 3 работни позиции:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО СЕКТОР ФАРМАЦЕВТСКА РЕГУЛАТИВА

ИТ АДМИНИСТРАТОР

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ЛОГИСТИКА

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нивната политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудат, користење напредна технологија и достапност за сите. Членовите на тимот на НИКОБ се секогаш посветени на работењето и на секојдневното подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнеатеме и работат на тоа, лидерското место да го задржат засекогаш.

Во почетокот на 2010 година, во НИКОБ се изврши промена на сопственичката структура. По преземањето, НИКОБ претрпе преструктурирање и ребрендирање на компанијата заради поголема ефикасност во работењето и за подобрување на целокупниот квалитет на услугите. Направени се големи инвестиции кои ќе продолжат и во наредниот период, повторно со цел подигнување на нивото на квалитетот на услугите како и воведување низа нови услуги, со што задоволството и безбедноста на нивните клиенти би била на највисоко ниво.

Имаат отворено 3 работни позиции:

СЕРВИСЕРИ МОНТЕРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ ЗА РЕОНОТ НА ОХРИД И СТРУГА

ЛОВНИК ЗА РЕОНОТ НА БЕРОВО

ЛОВОЧУВАР ЗА РЕОНОТ НА БЕРОВО

Euro Tools е компанија чија основна дејност е продажба и дистрибуција на материјали, алати и опрема за заштита при работа. Таму можете да најдете сè што ви е потребно кога треба да поправате нешто во домот или дворот, а притоа да бидете и заштитени од можни повреди со квалитетните брендови на заштитна опрема достапни во Euro Tools.

Имаат отворено 2 работни позиции:

СЕРВИСЕР

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Целта на Quantox е да најдат најдобри можни професионалци за нивните клиенти во областите на програмски услуги, создавање на целосно одговорен дизајн, развој на природни апликации за мобилни телефони, управување со сервер со полно работно време, уникатно пишување на содржини и многу други области вклучени во спроведување и одржување на силно присуство на Интернет за нивните многубројни клиенти.

Посветени на веб и развој на мобилна телефонија, професионалците во Quantox се посветен тим на технолози, дизајнери, програмери, маркетинг и стратези на Интернет со повеќе од децениско искуство во производство на веб-страници со висок обем за важни брендови за дел од цената што другите фирми ќе ја наплатат за слични услуги.

Имаат отворено 2 работни позиции:

PHP DEVELOPER

REACT DEVELOPER

KARIERA.mk е сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување и им помага на кандидатите да ја најдат вистинската работа со тоа што може да аплицираат на активните огласи со само 1 клик.

Промовирани огласи »

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе служи како документ за патување во оние земји кои тоа ќе го побараат.

Засега најави има од Грција, која на 14 мај ќе ја отвори границата за Македонци за кои ќе биде дозволен влезот доколку имаат потврда за примени вакцини или негативен ПЦР-тест за Ковид-19.

Нема форма на вакцинален пасош, има потврди кои се прифаќаат од земјите во регионот. Тие се спремни и од следната недела ќе се издаваат. Тоа се посебни потврди на кои има код кој ги дава податоците за вакцинацијата. Засега информациите се дека за влез во Грција освен таа потврда алтернатива е негативен ПЦР, но не сам по себе и позитивен наод на ИГГ антитела, рече министерот Филипче.

Потврдите за примени вакцини ќе се издаваат и ретроактивно, на сите што ги примиле двете дози од вакцината за заштита од Ковид-19.

Тие, според досегашните најави, се неопходни за влез во Грција, а влезот во останатите земји од ЕУ за нашите граѓни е условен со негативен ПЦР-тест.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »