Промовирани огласи »

Новата концепција за основно образование за првпат го става ученикот во центарот, но исто така, таа предизвикува и законски промени кои и ќе ги мотивираат и наставниците. Една од промените е што тие ќе бидат вработени на неопределено време и на тој начин ќе се спречи злоупотреба на наставниот кадар, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска. Денеска започна обуката за 44-наставници кои ќе станат дел од националниот тим обучувачи кој ќе треба да ги подготви останатите наставници за почетокот на новата учебна година од септември, кога во прво и четврто одделение ќе почне да се применува новата концепција.

Царовска рече и дека Македонија досега покажа дека може да се трансформира

Дали како држава покажавме дека само за еден месец успеавме да трансформираме наставата да се одвива дигитално. Не се знае со какви предизвици ќе се справуваме за три или пет години. На нашите ученици не им е интересно во училиште. Тамошните активности не го задржуваат нивното внимание. Тие се постојано изложени на анимација, но тоа не значи дека ние немаме учебници, истакна Царовска.

За петицијата „Учебници и настава од Септември“, која досега ја потпишаа повеќе од 11.600 граѓани, Царовска вели дека родителите се доведени во заблуда дека во иднина нема да има учебници.

Апсолутно тоа е погрешна слика која некој се обидува да ја постави и групите имаат дел родители, но исто така е многу интересно што во нив имаме и партиски структури. Затоа ги повикувам родителите на бидат информирани, детално да ги следат одговорите на прашања коишто ги пласира МОН како надлежна институција, да не подлегнуваат на манипулации, на партиски ботови кои се поставуваат во одредени групи. Тоа е значајно многу поради здравјето и интересот на нашите ученици, рече Царовска.

Промовирани огласи »

Според податоците на ПИОМ, 1.327 лица се водат како пензионери со највисоки пензии во Македонија. 

Во март забележан е пораст за нови 5 пензионери споредено со февруари и сега 1.327 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии. Распонот на нивните месечни пензии е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото.

Најголем дел или 897 се со пензија од 41.739 денари., додека 275 пензионери со пензија над 52.455 денари до 54.335 денари.

Притоа, 12 пензионери го земале највисокиот износ од 57.304 денари.

Промовирани огласи »


Без оглед на индустријата во која работите сигурно сте доживеале драма на работа. Во овој смешен и интересен говор, водачот на заедницата Анастасија Пенрајт наведува пет чекори што можете да ги следите за подобро да коегзистирате со вашите соработници и да се фокусирате на она што е навистина важно. Каналот TED Talks ги претставува најдобрите говори и настапи од TED конференцијата, каде водечките мислители на светот говорат за својот живот за 18 минути (или помалку). 

Слушнете што има Анастација да каже и пробајте да ги примените советите, па можеби ќе бидете навистина пријатно изненадени. 


 

Промовирани огласи »

Американскиот произведувач на електрични автомобили Тесла најави дека неговата нова фабрика во близина на Берлин ќе вработува 12.000 работници кога ќе продаботи со полн капацитет.

Од компанијата велат дека теоретски со проширување на капацитетите оваа фабрика би можела да вработува и до 40.000 работници.

Производството на електрични автомобили во Гринхајде ќе започне во Јули. Погонот е сметен во шумско подрачје покрај езеро, на околу 30 километри од центарот на Берлин, а ќе произведува 500 илјади возила годишно.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск сака на таа локација да ја изгради и најголемата светска фабрика за батерии и со тоа додатно да го зголеми вложувањето кое според гласините во индустриските кругови достигнува милијарда евра, пишува агенцијата ДПА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »