Промовирани огласи »

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Имаат отворено 2 работни позиции:

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ ВО ОДРЖУВАЊЕ

ПОМЛАД АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ВО СЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ

Open GI е специјализирана компанија за софтвер што нуди единствени и широко користени решенија во рамките на осигурителната индустрија. Како и развој и продажба на софтвер на компании низ Велика Британија и Ирска, одат подалеку со обезбедување поддршка и последователна нега што се протега во годините и децениите. Нивните тимови се експерти за разбирање на потребите на клиентите, прилагодувајќи ги според нарачано решение или надвор од продавницата, пред да го имплементираат и да ги сервисираат.

Имаат отворено 2 работни позиции:

IT SYSTEMS ADMINISTRATOR (LINUX)

QUALITY ASSURANCE ENGINEER

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.  Првата продавница на брендот Техномаркет е отворена во Скопје,на улица Скупи, на површина од 1.750 м2.Набрзо потоа беше отворен и најголемиот продажен салон на Техномаркет во Скопје - кај Градскиот Стадион во Градски Парк и првиот продажен салон надвор од Скопје - во Битола. Оттогаш Техномаркет почна интензивно да ја шири својата продажна мрежа и да ги доближува своите производи и услуги до сé поголем број на потрошувачи. Денес, Техномаркет Македонија има 19 продажни салони ширум земјава, со тенденција за отворање на уште нови – во сите поголеми градови низ Македонија, сопствена логистичка мрежа  како и онлајн продавница.

Имаат отворено 4 работни позиции:

ТЕХНОМАРКЕТ ВРАБОТУВА ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР

ТЕХНОМАРКЕТ ВРАБОТУВА ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

COIN CASA ВРАБОТУВА ПРОДАВАЧ/КА

ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР

Алокејт Софтвер е водечки меѓународен снабдувач на решенија за работна сила во здравствените сектори, одбраната и поморските сектори. Со над 800 клиенти и еден милион вработени распоредени дневно, Алокејт им служи на најголемите јавни и приватни институции ширум светот преку поддршка на оперативните и административните потреби на професионалците низ сите здравствени установи.

Имаат отворено 2 работни позиции:

RELEASE COORDINATOR

ASSOCIATE BUSINESS ANALYST

KARIERA.mk е сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување и им помага на кандидатите да ја најдат вистинската работа со тоа што може да аплицираат на активните огласи со само 1 клик.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници утре , е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, а пред се во маркетите  и денес се на своите работни места како и вообичаено.

Впрочем, истото се случува и за време на останатите државните празници кои се прогласени за неработни денови со закон.

Во случај работодавачот да наложи денес да бидете на работа или за време на друг државен празник, должен е тоа да го пријави во Државен инспекторат за труд и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Повторно ќе се разгледува дали евтината струја ќе се укине  или не. Извори за Сител велат дека и годинава ова прашање ќе биде дел од разговорите меѓу енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика. Но од РКЕ велат дека  сеуште не добиле барање од компаниите за укинување на евтината тарифа.

Регулаторната комисија за енергетика до овој момент нема добиено барање од електроенергетските компании за укинување на ефтината тарифа. Доколку добиеме барање за укинување на ефтината тарифа веднаш ќе ја информираме јавноста од кого е поднесено барањето, и кои причини се наведени за укинувањето на ефтината тарифа, се вели во дописот од Регулаторната комисија.

Од граѓанските здруженија велат дека ако евентуално се  отвори ова прашање, Регулаторна не смее да дозволи  граѓаните да останат без оваа бенефиција.

Во меѓувреме енергетските компании ги подготвуваат и пресметките за трошоците и најдоцна до 15-ти мај треба да ги достават до РКЕ. Според информациите Мепсо ќе бара зголемување на цената за преносот на струја што ќе има влијание во пресметката на крајната цена. Уделот на компанијата во крајниот износ е 3 проценти.

ЕСМ пак следниот месец треба да достави нова цена на тендерот на ЕВН ХОУМ по која ќе ја продава произведената електрична енергија. Но гаранција дека на тендерот ќе биде откупена оваа струја нема, зашто може да се јават и трговци со пониска цена. Сепак од РКЕ уверуваат дека нема да дозволат да има ново поскапување.

Нова корекција на цената на  струјата ќе има до крајот на јули, а до  тогаш ќе се знае и дали евтната тарифа ќе остане. 

Лани електричната енергија поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании, но Регулаторна одлучи да ја остави евтината струја која домаќинствата можат да ја користат два пати во денот.

Промовирани огласи »

Од 14 мај, односно од утре Грција и целосно се отвора за туристите, а влез со завршена вакцинација или негативен ПЦР тест ќе биде овозможен и за македонските граѓани, како што се соопшти од властите. Сепак има нови правила за патување во јужниот сосед. Пред да влезе во земјата секој патник мора да има попоплент документ таканаречен локатор за патници или PLF. Пополнувањето треба да да биде завршено ден пред да влезат во Грција (најдоцна 23.59 часот претходниот ден) или ден пред да ја напуштат земјата. 

Во него има детални информации за тоа која е појдовната точка, однозно влезот, времетраењето на претходниот престој во други земји и адресата на нивниот престој додека се во Грција. Во случај на повеќекратен престој (на повеќе места), од нив се бара да ја наведат адресата каде ќе бидат во првите 24 часа. Треба да се достави еден PLF по семејство.

Патниците ќе добијат потврда по е-пошта по поднесување на PLF. Детали и образец за ПФЛ на следниот линк

Патниците ќе добијат PLF со нивниот единствен код (QR) на денот на закажаното пристигнување во Грција и ќе бидат известени преку е-пошта (QR-кодот ќе биде даден на линк во мејлот за потврда).

Формуларот PLF може да се најде и на апликацијата Visit Greece и на travel.gov.gr. На патниците им се препорачува бесплатно да ја преземат апликацијата Visit Greece (согласност со GDPR), пред нивното пристигнување во Грција.

ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ

Од 19 април, патниците кои пристигнуваат во Грција треба да поседуваат негативен PCR тест од лабораторија за тестирање не постар од 72 часа. Тие правила остануваат и по целосното отворање, утре.

Овој тест е задолжителен за сите туристи (вклучително и за деца постари од 5 години), без оглед на епидемиолошката состојба што постои во земјата на заминување.

- Ако патникот ја завршил својата вакцинација (т.е. поминале 14 дена од последната вакцинација, во зависност од потребните дози) и поседува потврда за вакцинација, тогаш не е потребен доказ за негативен тест.

- Сертификатите за вакцинација за вакцините Спутник, Синовак, кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), исто така, ги ослободуваат посетителите од обврската за негативен тест за ПЦР. Прифатливи вакцини значи се Pfizer BioNtech, Moderna, Astra Zeneca, Novavax, Johnson + Johnson, Sinovac Biotech, Gamaleya (Sputnik), Cansino Biologics, Sinopharm.

- Секој патник кој ќе пристигне во Грција, без оглед на сертификатот што го поседува, може да помине низ случаен здравствен преглед. Доколку е избран, тестирањето со рапид тест е задолжителено. Во спротивно, властите го задржуваат правото да одбијат влез во земјата. Изборот ќе се прави преку систем на насочено земање примероци, заснован на системот ЕВА користен летото 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »