Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и современа лабораторија за контрола на квалитетот,
доколку сакате да ги остварите своите амбиции и визија,
доколку сте посветени, лојални, креативни,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно,
станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Помлад асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичко-механички анализи и нивно регистрирање, правилно работење со инструментите како и грижа за работните услови во лабораториите каде што се извршуваат анализите. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време се одвива во три смени. Нето платата за работното место е од 24.000 – 26.500 денари. На ова работно место следуваат и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и годишен бонус во износ до 1 (една) плата.
Kвалификации на кандидатот:
- CCC/IV степен стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
- Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.