Промовирани огласи »

Дваесет и две компании кои имаат над 200 работни позиции беа дел од  5-тиот по ред “Саем за кариера” во организација на Младински Културен Центар- Битола, каде сите кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука, подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното  вработување.

Имајќи ги во предвид брзите динамики кои се случуваат денес, а кои се јавуваат како последица и во пазарот на трудот, ваквото партнерско делување дава шанса повеќе за оние кои бараат работа и оние кои имаат потреба од вработување на кадри. Треба да делуваме во преквалификациите и дотурот на информации за тоа кој тип на профили се потребни за нудење на работни услуги кон фирмите. Се надевам дека овој проект кој има три делови, прво бизнис старт-ап центарот, саемот на кариера и третиот јакнење на ИТ вештините кај популацијата, сите три дaваат можност младите луѓе, самохраните родители, а воедно и оние кои ги доживеале последиците од пандемијата во својот работен ангажман да добијат шанса повеќе, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Оваа активност е единствена во државата поддржана од Меѓународната организација на трудот , преку фондови на ЕУ, а Општина Битола беше еден од многуте апликанти кои беа препознати како единствена проектна апликација која се поддржа и која финишира со ваков голем настан.

Близу 40 проценти од луѓето од Западен Балкан кои немале странско државјанство или биле со привремен престој во земјите на ЕУ со појавата на пандемијата се вратиле и останале дома. Најголем дел од нив се сѐ уште тука, со можност поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање на сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси, истакна Сашо Додовски директор на Младинскиот културен центар од Битола, повикувајќи се на истражувања од Европската Унија.

Мисијата на “Саемот за кариера” е да информира, мотивира и едуцира невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места.

Исто така една од целите е да ја поврзува  бизнис заедницата, продолжува  како и мотивирање на младите да останат во својот роден град, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.

Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза со Covid-19 која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за  огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Овде денес гледам и шанса за реално поврзување на бизнис секторот со младите од Битола и знам дека ќе резултира со успеси кои како индикатори ние ги следиме,  изјави Наташа Симјановска проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

На настанот беа поканети и четири мотивирачи-говорници кои ги раскажаа своите лични приказни на успех, Весна Иваноска – генерална менаџерка на Сеавус едукативен и развоен центар, Пеце Цветковски-Персата, кој Вила Дихово ја претвори во туристички производ за кој зборува светот, Мартин Ангелов основач на Улаф Сте- првото знаковно кафуле и Елена Петровска која работи во Cylindo Битола, старт-ап компанија која има свои канцеларии во Копенхаген, Бостон и Скопје.

Промовирани огласи »

Фудбалската федерација на Македонија одлучи македонската репрезентација на претстојното Европско првенство да настапува во досегашните дресови промовирани во 2016 година со апликацијата на македонското знаме на предната страна.

Одлуката следува по реакциите во јавноста и онлајн петицијата со којашто се бараше повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација и враќање на црвено-жолтите дресови.

Фудбалот се игра за фановите – напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил.

Фото:ФФМ

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обрска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје . Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.

Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.

„Лидл“ ќе има обрзска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, рече тој.

Промовирани огласи »

Министерката за образование,  Мила Царовска за Сител изјави дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди 10.000 таблети за четвртоодделнците кои од септември ќе почнат да ги користат најавените дигитални учебници.

Тоа значи за половината. Зошто? Зашто ова не е процес во оваа година и кој ќе заврши. Дури и да има повеќе од првиот период, за петто одделение со време ќе стигна, за шесто одделние ќе стигне. И тоа е осовременување на образовниот систем. Дури и од поголемите одделенија можат да изнајмат таблети од библиотеките, вели Царовска.

Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.

Парламентарниот комитет за политички систем и односи меѓу заедниците, како и правниот законодавен дом ја прифатија иницијативата за референдум поднесена од граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“. 

Сега останува собранискиот претседател Талат Џафери да се изјасни за референдумот за потоа да се отвори патот за идните активности. Од иницијативата „Книги и настава треба да има“ бараат повлекување на предлог-законот за учебници што предвидува и дигитализација на книгите. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »