Не може да се каже дека таа е губитник по разводот со Џеф Безос...
Велат дека по разводот сите се губитници, но тоа не може да се каже за поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Скот.
Жената која му помогна на својот поранешен сопруг да ја изгради познатата империја „Амазон“, тивко напредува по најскапиот развод во историјата.
Како последица на разводот, таа денес е прогласена за најбогата жена на светот.
Првиот голем чекор по разводот се случи кога таа донираше дури 1,7 милијарди долари во добротворни цели. Тоа беше јасен потег на некогаш срамежливата публицистка за време на нејзиниот 25-годишен брак со технолошкиот магнат.
Мекензи го врати своето моминско презиме Скот, што ја крена од сенката на Џеф Безос.
За време на разводот, Џеф и Мекензи споделија 137 милијарди долари, а таа доби нето 38 милијарди во форма на акции на Амазон.
Сепак, сето ова докажува дека Мекензи не била само обична сопруга која живеела на сметка на нејзиниот сопруг, туку жена која исто така придонела за растот на Амазон.
Растејќи во Сан Франциско, Мекензи е ќерка на финансиски планер и домаќинка, а го запознала Џеф уште во 1992 година кога била 23-годишна студентка на постдипломски студии.
Иако имала амбиции да стане писателка, за да преживее, станала истражувач во анкетна куќа. И погодете кој беше нејзиниот претпоставен - токму Џеф Безос.
Работејќи во заедничка канцеларија, таа вели дека веднаш се за вљубила во неговата насмевка. По неколку месеци излегување, тие се венчаа.
„Мислам дека сопругата е паметна, снаодлива и многу згодна. За среќа, имав можност да ја видам биографијата пред да ја запознам“ - изјави Безос за Вог уште во 2013 година.
Првата нивна заедничка канцеларија беше во гаража во Сиетл, а таа беше сметководител на тогашната мала почетна компанија и помогна да се дојде до сега познатото име Амазон.
Како што растеше компанијата, желбата да стане писателка падна во заборав, покрај тоа што одгледа четири деца - три сина и ќерка посвоени од Кина. Сепак, во 2005 година, таа успеа да го објави романот „Лутер Олбрајт тестирање“ и во 2013 година „Стапици“, работејќи од изнајмен стан во близина на нивната куќа.
Иако беше мажена за најбогатиот човек на светот и како интровертна личност, таа понекогаш го придружуваше својот сопруг на јавни настани, како што беше Мет Гала во 2012 година, кога блескаше во креацијата на креаторот Хуан Карлос Обанд.
Најскапиот развод во историјата
Сепак, во јануари 2019 година, парот објави дека се разведува во заедничка изјава. Но, мирниот развод се претвори во медиумска афера за наводната афера на Безос со Лорен Санчез.
Санчез, која е пилот, тогаш изјави дека станала поблиска со Безос откако работеле заедно во неговата компанија Blue Origin, која се занимава со летови во вселената.
Медиумскиот скандал се влоши кога се откри дека Лорен е таа што ги испратила сите преписки на парот до списанието National Enquirer.
И за време на сето ова, Мекензи молчеше и не даваше изјави за медиумите.
Денес таа е на листата на најбогати жени, а на тронот ја замени Франсоаза Бетенкур-Мејер, француската наследничка на Лореал, која заедно со своето семејство поседуваат 33% од сопственичкиот удел во компанијата.
Мекензи храбро оди напред и останува да видиме кој всушност ќе жали за разводот.