Промовирани огласи »

Заврши јавниот повик за пријавување на сите категории и лиценцирани угостителски објекти за сместување и туристички агенции, кој траеше до 31 мај, се финализира и списокот на хотели и сместувачки капацитети во кои граѓаните со ниски приходи ќе можат да ги искористат ваучерите за летен одмор. Имаше голем интерес на хотелите, а сега на ред се да се пријават граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор.

Главната цел е да им се овозможи годишен одмор на лицата со ниски приходи а истовремено да им се помогне на туристичките центри да го зголемат обемот на работа.

Годинава вредноста на ваучерот ќе изнесува 12.000 денари. Право на користење ќе имаат сите граѓани кои ќе се пријават, а чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 30.000 денари.

Заради поголема посетеност на домашните туристички центри, вредноста на ваучерот се дуплира особено по намалениот обем на работа во угостителската дејност, поради кризата со болеста.

Хотелиерите тријат раце затоа што туризмот конечно ќе се помести од точка на мирување. Традиционално, најпосакувани домашни летни дестинации се Охрид и Струга, потоа Дојран и Преспа, а секако да не ги изоставиме и хотелите во зимските туристички центри – Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер.

Промовирани огласи »

Европската комисија предложи воведување дигитален идентитет што ќе им овозможи на граѓаните пристап до јавните и приватните услуги преку мобилен телефон. Дигиталните паричници ќе имаат високо ниво на безбедност и пристап до широк спектар на услуги.

Според предлогот на новата регулатива, земјите-членки на ЕУ ќе можат да им нудат дигитални паричници на граѓаните и компаниите, кои ќе можат да ги поврзуваат нивните национални дигитални идентитети и докази за други лични атрибути, како што се возачка дозвола, диплома, банкарска сметка, итн.

Дигиталните паричници ќе бидат достапни за сите граѓани на ЕУ, луѓето кои живеат во Унијата и европските компании. Граѓаните ќе можат да го докажат својот идентитет и да споделат електронски документи од нивните европски паричници за дигитален идентитет со еден клик на екранот на телефонот.

Со помош на национална дигитална идентификација, која ќе биде препознаена низ цела Европа, тие ќе можат да пристапуваат до услугите на Интернет, а големите платформи ќе мора да прифатат употреба на европски паричници за дигитален идентитет доколку корисникот го побара тоа, на пример, за да ја докажат својата возраст.

Корисникот секогаш ќе може да одлучи дали сака да користи европски паричник за дигитален идентитет.

Дигиталниот идентитет на Европа ќе ни овозможи да се однесуваме дома во секоја земја-членка, без дополнителни трошоци и со помалку бариери, без разлика дали станува збор за изнајмување стан или отворање банкарска сметка во друга земја. Покрај тоа, ќе можеме да го сториме тоа на безбеден и транспарентен начин. Ние самите ќе одлучиме колку лични податоци сакаме да споделиме, со кого и со каква цел, рече извршната потпретседателка на ЕК, Маргарет Вестагер.

Европските паричници за дигитален идентитет ќе им овозможат на сите Европејци пристап до мрежни услуги без употреба на приватни методи за идентификација или непотребно споделување лични податоци и ќе имаат целосна контрола врз нивните податоци.

На пример, ако една млада личност сака да се зачлени во клуб во кој можат да се зачленат само оние над 18 години, тие ќе можат да го покажат само датумот на раѓање без да откриваат други информации од дигиталниот паричник.

Со цел да се спроведе овој предлог што е можно побрзо, ЕК ги повикува земјите-членки да развијат заеднички пакет алатки до септември 2022 година и веднаш да ги започнат потребните подготовки.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека дигиталните паричници ќе имаат високо ниво на безбедност и пристап до широк спектар на услуги. Преку нив, граѓаните ќе можат да комуницираат со националните администрации, на пример, да поднесат даночна пријава или да се запишат на универзитет.

Европските паричници за дигитален идентитет нудат нов начин за складирање и употреба на податоци за сите видови услуги, од пријавување до изнајмување автомобили. Станува збор за давање избор на потрошувачите, европски избор. Овој дигитален идентитет ќе донесе придобивки и за големите и за малите европски компании, бидејќи решенијата за безбедни и сигурни услуги за идентификација од овој предлог ќе им овозможат да понудат широк спектар на нови услуги, рече Бретон.

Промовирани огласи »

Како дел од кампањата на KARIERA.mk за жени претприемачи, разговараме со Катерина Селамовска, млад политиколог, основач и CEO на Lexion Group, фирма која се занимава со политички и маркетинг консалтинг.

За да созрее една бизнис идеја треба време, колку требаше за LeXion Group?

LeXion Group е компанија којашто е неодамна основана. Основањето на компанијата не беше долг и сложен процес.  Идејата беше присутна, но храброста беше пресудна.  Така за еден месец беше реализирана замислата за LeXion Group.

Како се одвиваше процесот од идеја до реализација?

Основање на LeXion Group произлезе од идејата на пазарот да се појави тим на млади ентузијасти, секој од нив подеднакво добар во својата бранша, коишто ќе дадат една подобра, современа и поинаква перспектива за подобрување на конкурентноста на брендовите и политичката стратегија.

Која е целта на LeXion Group?

Целта на LeXion Group произлегува од нашето мото е “Ништо освен најдоброто, не е доволно добро”. Оттука нашата цел е преку детално истражување на пазарот и стратешко планирање да им помогнеме на нашите клиенти да се развиваат и унапредуваат на деловен план, а со самото тоа да придонесеме за подобрување на деловната клима во Македонија. Исто така да послужиме како стимул и за другите млади да започнат свој бизнис, бидејќи на младите останува светот.

Каква нова вредност додава на пазарот LeXion Group?

Новата вредност на пазарот којашто ќе ја даде LeXion Group e тоашто конечно после долго време бизнис светот ќе биде “размрдан” од визијата на млади луѓе, кои ќе ги донесат новите трендови во нашето поднебје.

Што е потребно за да се создаде бренд?

За да се создаде бренд којшто ќе фигурира долг период на пазарот потребни се  истрајност и чесна работа.

Што им препорачувате на младите и амбициозни луѓе?

На сите млади и амбициозни луѓе кои се во потрага по успешна професионална кариера би им препорачала пред се да веруваат во себеси и да не се плашат да превземат ризик. Им препорачувам да се истрајни, упорни, да работат напорно за да ги реализираат своите цели и да учат од грешките. Само со овие квалитети успехот ќе биде загарантиран.

Промовирани огласи »

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција рече дека 2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата.

 Од 3.853 даночни обврзници, 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помо. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата, рече Лукаревска.

До 31 мај 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиката помош за исплата на плати за март и вефруари не им ги префрлиле парите на работниците. Од нив, 24 не изплатиле ниту за двата месеци.

Вкупно од овој циклус, 753 месечни плати не се исплатени, а вкупната сума е 12.071.908 денари.

Доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, наведе Лукаревска.

За претходниот циклус - октомври, ноември, декември дури 5 работодавачи ги немаат исплатено платите за сите три месеци. Севкупно, тука има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари 

До Генералниот секретаријкат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО, најави првиот човек на УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »