Промовирани огласи »

Какви се бенифитите за една компанија ако ги осигура своите вработени? Дали има реални бенефити или станува збор само за покажан гест на грижа? Одговорот е и двете, компанијата и вработените имаат бенефит.

Со направените законски измени кои се во сила од јануари 2019 година, на оданочување со данок на личен доход не подлежи уплатената премија за животно осигурување за вработени лица во една календарска година, во висина до две просечни месечни бруто‐плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Овие даночни олеснувања може да имаат големо значење за работодавците, посебно во големи и компании со голем број вработени. Но, животното осигурување на вработените има и други предности за компаниите. На овој начин им обезбедуваат на своите вработени финансиска заштита од непредвидени животни ситуации и покажуваат дека се грижат и за финансиската безбедност и заштита на нив и нивните семејства, со што ја стекнуваат нивната доверба и лојалност. А постоењето на ваква практика позитивно се одразува и воопшто врз пазарот на трудот, врз статусот и третманот на вработените, врз вреднувањето на вработените и нивниот придонес во пазарната економија на една држава.

Заради многуте предности и фактичка, материјална корист што произлегуваат од животното осигурување на вработените, осигурителните компании ја зголемуваат понудата, а менаџерите се почесто се одлучуваат на овој тип осигурување. За Кроациа осигурување – живот овој тип осигурување дава многу можности. „Создадовме неколку вида производи за правни лица и компаниите имаат можност да изберат. Менаџерското осигурување на живот е начин за стимулирање на лојалноста и посветеноста на вработените и е современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата, а во исто време нуди врвна заштита и покритие. Колективно осигурување живот кое е наменето за работодавачи кои сакаат да им обезбедат на своите вработени финансиска заштита од непредвидени животни ситуации. Корпоративното ризико осигурување, пак, има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на вработените од евентуален несреќен случај а се осигуруваат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се на работното место или вон него“, велат од Кроациа.

Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува неговата стручност и улогата што ја имаа во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијание врз деловните резултати.

Промовирани огласи »

Една од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија.

Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Алкалоид по повод својот 85 годишен јубилеј ќе го постави видоеспотот на нивните дигитални канали.

За секој преглед на спотот компанијата ќе донира по еден денар на Клиниката за детски болести во период од 10 јуни до 20 септември.

Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Над 9.000 денари ќе изнесува К-15 годинава за вработените во јавната администрација.

Оваа година и тие ќе добијат К-15.  Од граѓанскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума која им следува на вработените со граѓанскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен договор на ниво на работодавец, според предвиденото во него, ќе добијат и повеќе.

Стопанството излезе со остри реакции за одлуката на Владата со ребалансот на буџетот да се одвојат пари за К-15 за административците. Сметаат дека тоа е непродуктивно. 

Работниците во приватниот сектор претходните години добиваа К-15. Обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведена во 2014 година. Се предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината. 

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »