Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм.
Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм).
Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.