Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, рече дека работниците кои „Бехтел и Енка“ ќе ги ангажира за изградба на автопатите од Коридорот 8 и оној помеѓу Прилеп и Битола, ќе бидат дополнително платени доколку работат по 60 часа неделно за американско-турскиот конзорциум.

Во предло-законот кој се носи по скратена постапока а со кој директно ќе му биде доделен договорот на оваа компанија без претходен тендер предвидено е речиси да нема никакви условувања за контракторот, а во еден од членовите стои дека ангажираните работници ќе може да работат дури до 60 часа неделно.

Тој член само дава можност да се приближиме до одредени развојни стандарди кои што се употребуваат во градежништвото, а секако, нема да се дозволи нешто надвор од законските прописи кои постојат во нашата држава, одговори Битиќи на новинарско прашање за време на прес-конференцијата за новата кредитна линика „Ковид 4“.

Тој додаде дека Државниот трудов инспекторат ќе прави редовен надзор и дека никој нема да остане надвор од прописите кои важат.

Промовирани огласи »

Идејата за воведување на мој термин системот  е намалување на метежот и редиците во амбулнтите, во здравствените установи, да се воспостават автоматизирани процеси на работа во ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките, брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита.

Корисниците можат да закажат преглед во листите на закажување за секоја клиника. Корисниците имаат можност со избор на соодветната клиника и тип на интервенција да ги видат сите закажани интервенции со конкретни датуми и термини. 

Доколку веќе сте закажале термин, но сте спречени од било кои причини да одите во закажаното време, за да го откажете терминот може да искористите некој од следниве начини:

- Обратете се до лекарот кој го издал упатот за преглед (матичен лекар или специјалист/субспецијалист) и информирајте го дека сакате да го откажете прегледот,

- Испратете смс порака на телефонскиот број 144 194. Како содржина на пораката наведе го само бројот на електронскиот упат (пр. WR1432);

- Јавете се на телефонскиот број на техничката поддршка на Мој Термин (02) 15 444 (секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот) или

- Испратете мејл на електронската адреса [email protected]. Наведете го бројот на упат (пр. WR1432.), име и презиме на пациентот и телефонски број за контакт. Откажете го прегледот најмалку 24 часа пред закажаниот термин  , за истиот да биде искористен за преглед на друг пациент! 

За повеќе информации во врска со наведените опции и за се што е поврзано со користење на системот Мој Термин може да ја посетите http://mojtermin.mk/health_workers 

Промовирани огласи »

Македонските туристи на одмор во Грција најчесто патуваат со автомобил. Како и за другите дестинации, така и за тука почитувањето на сообраќајните правила е задолжително пред се поради сопствената безбедноста, но и и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. 

Бидете внимателни затоа што казните за прекшоците во Грција се екстремно високи. 

За неврзан појас казната е 350 евра, додека за зборување на телефон додека возите ќе треба да платите 100 евра.

350 евра е казната доколку во вашиот автомобил се превезуваат деца без соодветно детско седиште.

За надминување на пропишаната брзина во населено место казните се од 100 до 500 евра.

За претекнување преку полна линија – до 700 евра, минување на црвено светло – до 700 евра.

Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи.

Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа што треба да се државјани на Република Северна Македонија, не треба да се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година, информира МОН.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН, како што наведува, дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »