Промовирани огласи »

Ако сте во потрага по работа, и сакате да заминете во странство, Унгарија бара работници надвор од Европската Унија, oбјави Ројтерс. Ова го прават за брз рестарт на економијата. 

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека со оваа мерка сакаат да го ублажат недостигот на работна сила.  Сепак, има строги критериуми. Новите правила им овозможуваат на агенциите да доведуваат привремени работници од други земји, освен од унгарските соседи кои не се членки на ЕУ. Правилата за работниците од Украина и Србија беа олеснети во 2017 година. Економијата на Унгарија помина подобро отколку што се очекуваше во првиот квартал годинава, иако имаат рестрикции. Откако почна пандемијата, во европските земји имаше застој на регрутирање на работници од Балканот. 

Промовирани огласи »

Оваа недела бележиме особен раст на огласи од странски компании кои се во потрага по адекватна работна сила на нашиот пазар. Како најпопуларни огласи, ги издвојуваме

Account manager

SEO analyst

E-commerce manager 

Исто така, меѓу најпоплуарните оваа недела погледнете ги 6те отворени места во Зегин.

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 29 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на пациенти од државата. Погледнете ги нивните отворени огласи до 21.7.2021, ТУКА.

Меѓу најновите, погледнете ги огласот за Координатор на товарен патен транспорт на Даути-транспортшпед.

Пакет.мк е онлајн супермаркет за секојдневна употреба. Со работно време од понеделник до сабота во две смени со локација во Пинтија. Во моментот се во потрага по доставувачи со месечен надомест од 21-26 000ден, огласот со комплетните детали може да го видите ТУКА.

Во категоријата програмер/информатичар оваа недела, активни се 25 отворени работни места со одлични услови за работа, големи бенефити и можности за одличен напредок.

Една од најпопуларните компании од оваа категорија е секако Quantox. Станува збор за IT компанија која нуди најсовремен софтвер девелопмент и услуги за развој на веб, создавање модерен дизајн, мобилни апликации, full-time менаџмент на сервер, создавање на уникатна содржина преку Интернет или кое било друго специфично барање на клиентите. Во моментот интервјуираат за следните отворени работни места:

Full Stack Developer

Java Developer

Node.JS Developer

React Developer

PHP Developer

IT Recruiter

Креирајте го вашето CV на KARIERA.mk и најдете ја вашата нова работа со само еден клик.

Промовирани огласи »

Пандемијата „удри“ по работните места.  Поради коронавирусот затворени се 22 милиони работни места во развиените земји. 

Податокот го соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Но, владините програми за вработување, реализирани во текот на кризата со коронавирусот, зачувале околу 21 милион работни места. Сепак, богатите нации се соочуваат со закана од долгорочен пораст на стапката на невработеност, затоа што на многу неквалификувани работници, кои беа раселени поради пандемијата, им е тешко да најдат ново вработување, јави Си Ен Би Си. Нормализирање на состојбата се оечкува до третиот квартал на 2023 година. Милиони луѓе во светот поради пандемијата се соочија со екстремна сиромаштија. 

Промовирани огласи »

Неименуван маж со секира демолирал паркиран автомобил „ауди“ во вторникот попладне во Загреб кај населбата Чрномерец.

„Човекот дојде до автомобилот, носејќи секира преку рамото. Одеднаш, тој само почна да замавнува и да го треска возилото, ги искрши сите стакла и добро ја оштети каросеријата… Очигледо сакаше целосно да го разбие возилото! Кога заврши со кршењето, седна на тревата покрај автомобилот, повика полиција и чекаше трпеливо“, изјавил очевидец на овој необичен настан.

Тој објасни дека човекот не пружал отпор при апсењето, пишува „24 сата“.

„Полицијата дојде и го собра, тој воопшто не пружаше отпор. Кога дојде сопственикот на автомобилот, беше непријатно изненаден од целата ситуација, гледаше во автомобилот и не можеше да престане да се чуди“, рекол очевидецот за хрватските медиуми.

РТЛ објави дека станува збор за момче кое шефот не го плаќал со месеци, па решил да го демолира автомобилот на газдата.

Според информациите од загрепската полиција, сослушан е човекот кој го искршил „аудито“, а сè уште се утврдуваат сите околности за настанот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »